Отчетноста како одлика на доброто владеење на локално ниво

Со оваа иницијатива ќе се мониторира изборното ветување на градоначалникот за изградба на водоснабдителен систем во населеното место Аџиевци. Станува збор за долгогодишен проблем со кој се соочуваат жителите на селото кои немаат вода за пиење и очекуваат со ова ветување да се реши проблемот со водоснабдување во селото. Ветувањето е дел од програмата на општината за 2022 и 2023 година но има поддршка и од централната власт која веќе има започнато со реализација на одредени активности за обезбедување на 400.000 евра кои се потребни за реализација на истото. Добиените резултати од мониторингот ќе се дисеминираат до јавноста преку: теренски активности за информирање и активирање на локалното население, јавна дебата со презентација на резултати од истражување, дисеминација на промотивен и информативен материјал.

Имплементатор
Здружение Совет за Локален Економски Развој ДЕЛФИ - Тетово
Локација
Маврово и Ростуша
Буџет
172000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Ветувањето е започнато со реализација и е во почетна фаза. Градоначалник на општина Маврово Ростуше.
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Н/П Процесот на јавни набавки е завршен. Договорен орган беше Владата, Министерство за транспорт и врски. Склучен е договор во износ од 25.808.001,84 со ддв, со фирма изведувач ЛАБИНО ТРЕЈД ДООЕЛ, Гостивар и завршен е процесот на јавни набавки. Градоначалник на општина Маврово Ростуше. https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/96fce4c1-b7dd-4d36-8185-2620c764d3f5
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Во месец март нема одржани нови информативно средби и состаноци. Таков вид на состаноци се веќе одржани во претходиниот период и жителите се запознаени со проектот Градоначалник на општина Маврово Ростуше.
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Ветувањето се реализира според претходно подготвен план за реализација. Градоначалник на општина Маврово Ростуше.
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Завршени се сите подготвителни активности и започнат е процес на реализација на ветувањето. Градоначалник на општина Маврово Ростуше.
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да До сега општината има дадено согласност за реализација, а Министерство за транспорт и врски има потпишано договор со избрана фирма изведувач (постапката оди целосно преку Министерство за транспорт), општината ги обезбедила неопходните предуслови Градоначалник на општина Маврово Ростуше.
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Има видливи градежни активности со кои се потврдува реализацијата на ветувањето. Градоначалник на општина Маврово Ростуше.
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не Има доволно средства во буџетот за реализација на проектот. Градоначалник на општина Маврово Ростуше.
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Н/П Обезбедени се сите основни предуслови. Градоначалник на општина Маврово Ростуше.
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Н/П Изборното ветување е со врвен приоритет. Градоначалник на општина Маврово Ростуше.
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Н/П Не е стопирано, ветувањето се реализира. Градоначалник на општина Маврово Ростуше.
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Нема стагнација на активностите. Градоначалник на општина Маврово Ростуше.
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Нема достапни информации на веб страната и социјалните мрежи на општината поврзани со изборното ветување. Веб страна на општината https://www.mavrovoirostuse.gov.mk/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Информациите можат да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер. Во месец март нема поднесено Барање по однос на ова прашање Градоначалник на општина Маврово Ростуше.
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Се споделуваат информации со сите заинтересирани страни. Градоначалник на општина Маврово Ростуше.
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Преку неформални разговори на градоначалникот со граѓаните, неформални и формални контакти, средби со граѓани. Градоначалник на општина Маврово Ростуше.
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Граѓаните биле вклучени во одлуките преку тоа што за време на Локалните избори го посочиле ова ветување како еден од најголемите проблеми на општината, а локалната самоуправа го зела тоа ветување во предвид. Градоначалник на општина Маврово Ростуше.
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Има поднесено такви иницијативи од граѓани, но пред одржувањето на Локалните избори во 2022 година. Градоначалник на општина Маврово Ростуше.
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Граѓаните директно не се вклучени, постапката ја водат општината, Министерство за транспорт и врски и избраниот изведувач. Градоначалник на општина Маврово Ростуше.
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Во месец март нема одржано јавни настани. Се организирале јавни дебати и форуми со граѓани претходно Градоначалник на општина Маврово Ростуше.
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да На Веб страната на општината има опција електронски да се пријави проблем кај градоначалникот. Градоначалник на општина Маврово Ростуше. https://www.mavrovoirostuse.gov.mk/%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b8-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b1%d0%bb%d0%b5%d0%bc-%d0%bd%d0%b0-%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%be%d0%bd%d0%b0%d1%87%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b8%d0%ba%d0%be%d1%82/
      4.3 Отворени денови на општината Да Општината има пракса на одржување на отворени денови на општината на кои се дискутирало и за изборното ветување. Во месец март немало отворени денови на општината Градоначалник на општина Маврово Ростуше.
      4.4 Граѓански иницијативи Да Имало граѓански иницијативи поврзани со ветувањето пред локалните избори 2022 година. Градоначалник на општина Маврово Ростуше.