Информирајте се - делувајте за промена!

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг за степенот на исполнување на изборното ветување поврзано со „недостатокот на градинки и сместувачки капацитети за деца“. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: серија радио емисии со учество на претставници на целните групи; изработка на видео подкаст и аудио анкета; потпишување на онлајн петиција поврзана со иницијативата за изградба на градинката во населбата Точила во Прилеп и слично.

Темата на локалниот мониторинг е доградбата на детската градинка во населба Точила во Прилеп.

Имплементатор
Здружение МУЛТИМЕДИА ПРЕС Прилеп
Локација
Прилеп
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Градинката е во градба https://radiopela.mk/zapochna-izgradbata-na-novata-detska-g/
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Градинката е во градба, повеќе нема потреба од јавни набавки https://radiopela.mk/video-za-pandemijata-jovanoski-ocheku/
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Во овој период нема одржани состаноци и средби со засегнати страни Граѓани, Невладини организации
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Н/П Градинката е во градба https://radiopela.mk/video-za-pandemijata-jovanoski-ocheku/
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Градинката е во градба https://radiopela.mk/zapochna-izgradbata-na-novata-detska-g/
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Н/П Иако градинката е во градба, конкретни активности за нејзино довршување не се реализираат Видливо на терен
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Градинката е во градба и тоа е видливо, но сеуште не е завршена https://radiopela.mk/video-za-pandemijata-jovanoski-ocheku/
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Има недостаток на средства во буџетот на општината. https://radiopela.mk/ovcheski-za-100-dena-otchetnost-go-poschi-n/
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Н/П Во моментов нема доволно информации
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не За проектот се предвидени средства и во буџетот за 2023 година. https://www.prilep.gov.mk/donesen-budzetot-na-opshtina-prilep-za-2023-godina/
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Н/П Немаме информација за точната причина за стагнација https://infokompas.com.mk/2022/02/11/%d0%b2%d0%b8%d0%b4%d0%b5%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d0%bb%d0%b5%d0%bf-%d0%b8%d0%bc%d0%b0-%d0%bd%d0%b5%d0%b4%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b8%d0%b3-%d0%be%d0%b4-%d0%bd%d0%b0%d0%b4-300-%d0%bc%d0%b5%d1%81%d1%82/
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Да Проектот е во стагнација, но причините сеуште не се познати
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Да Последна вест поврзана со темата е објавата за донесување на буџетот за 2023г каде се споменува дека се предвидени средства за доизградба на градинката https://www.prilep.gov.mk/donesen-budzetot-na-opshtina-prilep-za-2023-godina/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Информации за статусот на проектот можат да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Организацијата одговорна за мониторирање на прашањето Мултимедиа Прес како подносител на Барање за инфомации од јавен карактер
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Не Општината не споделува информации за статусот, но организацијата одговорна за мониторирање на прашањето, Мултимедиа прес, организираше работилница на таа тема. На работилницата свое учество имаше и советник од општина Прилеп https://www.facebook.com/multimediapress/posts/pfbid07fMQYejRFh5PfHiWvmfs4QGKT9SNn9h6RknZ4YiCrEkj856tyTiA2A3PyJ6EtMUal
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Н/П Нема информација
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Н/П Немаме информација
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Н/П Во моментов немаме доволно информации за поднесена граѓанска иницијатива
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Н/П Нема информација.
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Општината нема организирно јавни настани на темата овој период Граѓани, Граѓански здруженија
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не Иако општината овозможува голем број на е-услуги, оваа тема не е опфатена во нив https://www.prilep.gov.mk/e-uslugi/
      4.3 Отворени денови на општината Н/П Во моментов нема доволно информации за организирани отворени денови на општината на оваа тема
      4.4 Граѓански иницијативи Н/П Во моментов нема доволно информации за поднесени граѓански иницијативи на темата