Повеќе не е студено во моето училиште

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на неколку меѓусебно поврзани изборни ветувања како што се: реконструкција на основното училиште „Браќа Миладиновци“ во село Пчиња и реновирање на фасадата на основното училиште „Браќа Рибар“ во село Табановце, како и изградба на канализационен систем во Табановце. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: средби со граѓаните од селото; мобилизација на граѓаните на мирен протест; теренски средби со граѓаните; јавно застапување.

Темата на локалниот мониторинг е реконструкција на ООУ “Браќа Миладиновци“- подрачно училиште во с. Пчиња и изградба на нов спортски терен.

Имплементатор
Хуманитарно здружение „Мајка“ Куманово
Локација
Куманово
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Н/П Проектот е веќе во тек. Во врска со реконструкција на објектот ООУ „Браќа Миладиновци, изработена е техничка документација, реализацијата ќе започне во наредната 2023 год. Спортскиот терен во училишниот двор е завршен. Одделение за информирање и односи со јавност, бр. 30-9999/1 од 12.12.2022год. и ФБ пост на градоначалникот https://www.facebook.com/MaksimDimitrievskiOfficial/posts/pfbid023a8pstH3jYnj2hyRLm3fv4QzBtYuNizwu7iDjHxrwbsHeNjrbqx4CNTrcshqazMql
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Н/П Во барањето за информација од јавен карактер по ова прашање не е даден одговор. Одговор на барање за информација од јавен карактер.
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Општината не одржала информативни состаноци или средби со засегнатите страни. На ден 23.12.2022 од страна на организацијата „Мајка„ која го мониторира прашањето, одржан е мал неформален состанок со жителите на с. Пчиња, од кои дознавме дека не се одржани информативни состаноци или средби со општината
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Проектот е дел од Развоен план на Општина Куманово за 2022 и има предвиден буџет за 2023 година. Во делот за Проекти за инфраструктура на објекти од областа на образование (стр. 65 точка 1, 3 и 7)Во делот за Проекти за инфраструктура на објекти од областа на образование (стр. Службен гласник бр. 2 од 1.03.2022 ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2022 година https://kumanovo.gov.mk/%d1%81%d0%bb%d1%83%d0%b6%d0%b1%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%b3%d0%bb%d0%b0%d1%81%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8/
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Проектот е веќе во тек
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Изграден е спортски терен Видливо, социјални медиуми, (https://www.facebook.com/MaksimDimitrievskiOfficial/posts/pfbid023a8pstH3jYnj2hyRLm3fv4QzBtYuNizwu7iDjHxrwbsHeNjrbqx4CNTrcshqazMql)
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Спортскиот терен е изграден и учениците веќе го користат На лице место, социјални медиуми, (https://www.facebook.com/MaksimDimitrievskiOfficial/posts/pfbid023a8pstH3jYnj2hyRLm3fv4QzBtYuNizwu7iDjHxrwbsHeNjrbqx4CNTrcshqazMql)
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не Во 2022 има предвидено за реконструкција на училиштето 2 972 749ден. во 2023 1 200 000. За спортско игралиште има предвидено 1 972 960ден. План за развој на Општина Куманово Во делот за Проекти за инфраструктура на објекти од областа на образование (стр. 65 точка 1, 3 и 7)
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Н/П Проектот е започнат со реализација Видливо, социјални медиуми, (https://www.facebook.com/MaksimDimitrievskiOfficial/posts/pfbid023a8pstH3jYnj2hyRLm3fv4QzBtYuNizwu7iDjHxrwbsHeNjrbqx4CNTrcshqazMql)
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Н/П Проектот е започнат со реализација и сеуште останува приоритет На лице место, социјални медиуми, (https://www.facebook.com/MaksimDimitrievskiOfficial/posts/pfbid023a8pstH3jYnj2hyRLm3fv4QzBtYuNizwu7iDjHxrwbsHeNjrbqx4CNTrcshqazMql)
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Н/П Реконструкцијата е стопирана од страна на изведувачот, се очекуваше одговор на ова прашање по доставено Барање за информации од јавен карактер, но не е одговорено На лице место
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Да Од неформални разговори со родители на ученици заклучено е дека никој не ги информира за стагнацијата Жители на с. Пчиња
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Н/П Постојат само постари вести во врска со текот на проектот веб страна на Општина Куманово https://kumanovo.gov.mk/%d0%b7%d0%b0%d0%bf%d0%be%d1%87%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bf%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%b0%d0%b4%d0%b0%d0%bf%d1%82%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%ba/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Мобилизаторите имаа доставено Барање за информации од јавен карактер на кое е добиен одговор. Одделение за информирање и односи со јавност бр. 30-9999/1 од 12.12.2022год.
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Н/П Нема информација
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Жителите имаат различни неформални сознанија во врска со проектот добиени на неформален начин Граѓани
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Поднесено е барање од неформална група на жени за планирање на реконструкција на училиштето во буџетот за 2022 Хуманитарно Здружение Мајка, како учесник во барањето
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не До сега не е поднесена иницијатива но жителите на с.Пчиња во иднина ќе поднесат барање за завршување на започнатата реконструкција на училиштето жители на с.Пчиња
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Н/П Нема информација
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не На ден 23.12.2022 од страна на организацијата „Мајка„ која го мониторира прашањето, одржан е мал неформален состанок со жителите на с. Пчиња, кадџе е добиена информација дека не се одржани јавни собири, дебати или форуми од страна на општината по тоа прашање
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да На веб страната на Општина Куманово во делот Е-Општина, може да се пријави одредрен проблем. веб страна на Општина Куманово https://kumanovo.gov.mk/eopstina/
      4.3 Отворени денови на општината Н/П Општина Куманово не одржува формални отворени денови на општината но на веб страната на Општина Куманово, може да се закаже состанок со советниците во било кое време веб страна на Општина Куманово https://kumanovo.gov.mk/%D1%81%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8/?type=schedule
      4.4 Граѓански иницијативи Не Се уште нема граѓански иницијативи по оваа прашање. На ден 23.12.2022 од страна на организацијата „Мајка„ која го мониторира прашањето, одржан е мал неформален состанок со жителите на с. Пчиња, каде е добиена информација дека не е поднесена граѓанска иницијатива по ова прашање