За подобрена инклузија

Со оваа иницијатива ќе се мониторира изборното ветување за поставување на лифтови за деца со посебни потреби во ООУ Александар Македонски и ООУ Гоце Делчев за да се подобри движењето на лицата со телесен инвалидитет на сите делови во овие училишта. Со тоа ќе се постигне поголема инклузивност на лицата со телесен инвалидитет во образовните установи. Добиените резултати од мониторингот ќе се дисеминираат до јавноста преку: Јавна презентација во општина Аеродром, промоција преку социјалните мрежи и платени реклами, платени објави на веб портали.

Имплементатор
Здружение за значење на еколошкото образование за осовременување на образовниот процес ЗЕОООП - Скопје
Локација
Аеродром, Скопје
Буџет
172000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Одлуката е донесена на 23.03.2022 Претседател на совет на Општина Аеродром
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Да Спроведена постапка од мала вредност за набавка на услуги - Подготовка на проект за поставување на лифтови за деца со посебни потреби во ООУ "АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ" И ООУ " ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ" Договор за набавка на работи - ПОСТАВУВАЊЕ НА ЛИФТ ЗА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО ООУ "АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ" И ООУ " ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ" Одлука за јавна набавка објавена во оглас бр; 10910/2022 за ООУ "Лазо Ангеловски" и Одлука за јавна набавка ( втор пат ) објавена во оглас бр; 16-1635/2 за ООУ "Александар Македонски" и ООУ "Гоце Делчев"
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Посета на таргетираните училишта, одржани средби со директорите на училиштата во присуство на градоначалникот, претстaвници од секторот за образование и наука, наставници претставници на ЗЕООП присутни на средбите
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Утврден е начин, рок и место на извршување на услугите Рок за испорака на договорените активности е 23.03.2023 год ООУ "АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ" И ООУ " ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ" 20.07.2023 год за "ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ" Договор за набавка на работи - ПОСТАВУВАЊЕ НА ЛИФТ ЗА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО ООУ "АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ" И ООУ " ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ" - претседател на совет на Општина Аеродром
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Согласно договорот за набавка обезбедени се сите предуслови за почеток на активностите Претседател на совет на Општина Аеродром
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Направена е опсервација и увид на терен за обезбедување на простор за поставување на лифтови за деца со посебни потреби Од средби со директорите на училиштата, претставници на советот на општината и сектор за образование и наука
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Н/П Сеуште се финализираат подготвителните активности во дадениот рок Претседател на совет на Општина Аеродром
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не Општината го поседува предвидениот буџет за овој проект Претседател на совет на Општина Аеродром
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Сите активности се одвиваат непречено Градоначалник на Општина Аеродром
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Проектот е еден од главните приоритети на Општина Аеродром Градоначалник на Општина Аеродром
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Не постојат никакви индикации за стопирање на проектот Претседател на совет на Општина Аеродром
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Нема стагнација Претседател на совет на Општина Аеродром
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Н/П Во моментов веб страната на општина Аеродорм се соочува со некои технички проблеми но на ФБ профилот на општината редовно се споделуваат информации за проектот https://www.facebook.com/215229678511143/posts/pfbid02vs43HNRwgzQjqt1cAyb8qLWu95yQYkFU3t1WmSLZVPJYgjfVQCBTco4zKbdzPa9bl/?mibextid=Nif5oz
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Овие информации може да ги добие секоја заинтересирана страна преку Барање за информации од јавен карактер, но досега општината нема примено Барање за изборното ветување кое се мониторира Градоначалник на Општина Аеродром
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да ЗЕООП како организација која го мониторира изборното ветување без проблем доби информации и закажа средби со официјални лица од општината ЗЕООП здружение кое го мониторира изборното ветување
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да ЗЕООП здружение кое го мониторира прашањето
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Градоначалник на општина Аеродром
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Нема поднесено барање од граѓаните за учество во одлуките по ова изборно ветување Градоначалник на Општина Аеродром
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Инвестиција на овој проект е обезбедена од буџетот на Општина Аеродром и донација од општествено-одговорна компанија https://www.facebook.com/TimcoMucunski/posts/pfbid02Z54ji6qj3ryqfAB3oxjAfKBWDXSfeGjWZGGQGfX9n6DA1fCuQ3Vb2DYjBkM8p1K1l?__cft__[0]=AZUYluOXidrnviMzZMm7rv_eKieK1AeZRzt2AOAnc6SDBEeGykgmhCj5aYxV9ZdNbkUVe_oQcj2WtNHthle8HxCEI358OwKkHktQpin92LODqG545JVsspaZZC7QdgK0CLaKFxXGuYasTaeJiYLLEjj_iDWtd87zA4PI2RsTv7gkA6Gh-SWK7YrZ_9hZhrCh6Epy0XwdXH6mFAu67TG1tsxe&__tn__=%2CO%2CP-R
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Во месец фебруари немаше јавен настан конкретно за мониторираното прашање, но одржана беше он лајн седница на советот на Општина Аеродром каде секој заинтересиран граѓанин може да учествува со свои прашања со претходна најава https://www.facebook.com/215229678511143/posts/pfbid0y3jsys2BE97deCDoLke5g5CL1ow5qeyKbB7shFV5fMiwb4sHAo4oazCeQzd3yfTrl/?mibextid=Nif5oz
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Пошироката јавност има можност да поднесува апликации преку веб страната на Општина Аеродром, но во овој момент добивме информација дека истата не е целосно во функција бидејќи се соочува со системски проблем http://www.aerodrom.gov.mk/page/contact
      4.3 Отворени денови на општината Да Средбите се реализираат секој втор четврток https://www.facebook.com/215229678511143/posts/pfbid0qQu3vsFGmEfaBuJHjehukNry9sBemMFP5dy2xGwzbhDBy6XsKEvd15rda6y5f3S7l/?mibextid=Nif5oz
      4.4 Граѓански иницијативи Не Граѓанските иницијативи можат да се достават лично на средбите со советниците на општината или он лајн на официјалната веб страна на Општина Аеродром но досега нема поднесено граѓанска иницијатива по однос на ова изборно ветување Градоначалник на Општина Аеродром и претседател на совет