Поттикнување и развој на претприемачкиот дух кај младите во општина Могила

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на исполнување на изборното ветување на градоначалникот за „Поттикнување и развој на претприемачкиот дух кај младите со акцент на приватните иницијативи и можностите за самовработување“. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: две герилски акции, јавно објавување и промоција на резултатите од мониторингот; младински акции; јавен настан/ конференција.

Темата на локалниот мониторинг е програмата/активностите на опптината за едукација, професионално насочување на младите и искористување на активните мерки за вработување.

Имплементатор
Здружение за меѓународна младинска соработка ИНТЕРАКТИВ – Битола
Локација
Могила
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Вклучено во Отчетот, но истиот не постои во електронска форма Отчет 2022 на градоначалникот на општина Могила (стр.11)
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Н/П Не се обезбедени информации за тековниот месец
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Отчетот не постои во електронска форма Отчет 2022 на градоначалникот на општина Могила (стр.11)
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Н/П Не се обезбедени информации за тековниот месец
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да На веб страната на општината споделен е огласот за Активни мерки за вработување кој го објавува Агенцијата за вработување при општина Битола. https://mogila.gov.mk/%d1%81%d0%be%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%b5-6/
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Одржана обука во септември 2022 “Младите се иднината, младите се потенцијалот на државата„ што може да се смета како дел од активностите. https://www.facebook.com/DraganchoSabotkovski/posts/388805410106550/
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Н/П Во моментов нема доволно информации за да се потврди дека постојат видливи резултати од реализацијата на проектот.
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Не се предвидени средства во буџетот. За реализација на проектот се потребни средства, но во буџетот за 2022 не се предвидени буџет на општина Могила https://mogila.gov.mk/ova_doc/%d0%b1%d1%83%d1%9f%d0%b5%d1%82-%d0%b7%d0%b0-2022-%d0%b3%d0%be%d0%b4%d0%b8%d0%bd%d0%b0/
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Н/П Освен средства од буџетот кои во 2022 не беа предвидени, немаме информации за недостиг на други основни предуслови
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Н/П Во моментот не поседуваме доволно информации по ова прашање
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Н/П
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Во моментот не поседуваме доволно информации по ова прашање
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не веб страна на општина Могила (https://mogila.gov.mk/)
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Н/П Мобилизаторите испратија Барање до општината за информации за статусот на проектот на кое сеуште очекуваме одговор Поднесено барање
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Информациите се споделуваат на обуките одржувани од страна на општината Отчет 2022 на градоначалникот на општина Могила (отчетот не постои во електронска форма)
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Н/П Во моментот нема доволно информации по ова прашање
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Н/П Во моментот нема доволно информации по ова прашање
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Н/П Во моментот нема доволно информации по ова прашање
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Н/П
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Не се одржани во ноември, последно била одржана обука од страна на општината во септември 2022г Отчет 2022 на градоначалникот на општина Могила (отчетот не постои во електронска форма)
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Веб страна на општината (https://mogila.gov.mk/kontakt/)
      4.3 Отворени денови на општината Не Општината не организира отворени денови на општината Претседател на совет
      4.4 Граѓански иницијативи Н/П Во моментот не поседуваме доволно информации по ова прашање