Подобрување на транспарентноста преку дебати

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на исполнувањето на изборното ветување поврзано со „Зголемена транспарентност и отчетност на локалната самоуправа преку охрабрување на јавната дебата и вклучување на младите во донесувањето одлуки“. Клучните активности за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: онлајн кампања за вршење притисок врз локалните власти; јавни дебати; подигнување на свеста преку видеата што се споделуваат на социјалните и традиционалните (ТВ, радио) медиуми и слично.

Темата на локалниот мониторинг е реосновање на локален младински совет во општина Гостивар.

Имплементатор
Здружение Организирана Асоцијација на Младите
Локација
Гостивар
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Постои јавен повик за формирање на иницијативен одбор на веб страната на општината Јавен повик за формирање на иницијативен одбор https://gostivari.gov.mk/2022/11/thirrje-per-krijimin-e-keshillit-nismetar/
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Н/П Проектот согласно природата нема потреба од јавни набавки
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Остварени се средби со младинските организации во градот како и други невладини организации со цел да се координираат за формирањето на младинскиот совет. Службеникот за младински прашања
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Службеникот за младински прашања
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Н/П Нема доволно информации
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Не Проектот е во својата иницијална фаза
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Проектот е во својата иницијална фаза
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не Не недостигаат средства во буџетот за реализација на овој проект Службеник за младински прашања
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Сите предуслови се исполнети Службеникот за младински прашања
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Проектот останува приоритет за општината Службеникот за младински прашања
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Н/П Не е стопиран проектот
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Во моментов сеуште нема информација за стагнација на проектот
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Да Веб страна на општината https://gostivari.gov.mk/mk/pocetna/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Информациите по однос на ова прашање потпаѓаат под видот на информации кои можат да се добијат со Барање за информации од јавен карактер Невладини организации
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Службеникот за младински прашања
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Н/П Нема информации
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Остварени се средби со младинските организации во градот како и други невладини организации со цел да се координираат за формирањето на младинскиот совет. Службеникот за младински прашања
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Службеникот за младински прашања
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Службеникот за младински прашања
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Н/П Нема информации по однос на одржани јавни собири по ова прашање
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да На веб страната на општината постои контакт форма каде граѓаните можат да контактираат директно со општината Веб страна на општината-контакт форма (https://gostivari.gov.mk/mk/%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%82%d0%b0%d0%ba%d1%82/)
      4.3 Отворени денови на општината Н/П Нема информации
      4.4 Граѓански иницијативи Да Општината е отворена за сите видови на граѓански иницијативи Службеникот за младински прашања