Изградба на старечки дом во Кавадарци

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на изборните ветувања на градоначалникот поврзано со „Создавање на модерен и урбан простор за задоволување на потребите на постарото население во општина Кавадарци“ Ова ветување е наведено во програмата на општина Кавадарци за 2022 година. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: воспоставување канали за комуникација со засегнатите страни во врска со ветувањето; истражување и дисеминација на резултатите од истражувањето преку социјалните и традиционалните медиуми; јавни дискусии со засегнатите страни и слично.

Темата на локалниот мониторинг се подготвителните активности кои ги превзема општината за изградба на дом за стари лица во современи услови со што ќе ги задоволи потребите за достоинствен живот на старите лица во Кавадарци.

Имплементатор
Здружение за европска социјална инклузија ЕСИ НЕЛИС Скопје
Локација
Кавадарци
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не До сега е донесена само одлука проектот да се вклучи во програмата за урбанизам и комунални дејности за 2023 година која ќе биде достапна на веб страната на Општина Кавадарци во Јануари 2023. Помлад соработник за подготовка и анализа на проекти во општина Кавадарци
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Проектот сеуште не е започнат Помлад соработник за подготовка и анализа на проекти во општина Кавадарци
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Бидејќи проектот ќе биде предвиден за 2023 година, официјални и значајни средби сеуште не се одржани Помлад соработник за подготовка и анализа на проекти во општина Кавадарци
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не План за реализација сеуште не е подготвен, но постои локација каде што е предвидено дека ќе се гради домот Помлад соработник за подготовка и анализа на проекти во општина Кавадарци
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Не Предвидено е сите активности да започнат во 2023 година Помлад соработник за подготовка и анализа на проекти во општина Кавадарци
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Не Проектот не е сеуште започнат Помлад соработник за подготовка и анализа на проекти во општина Кавадарци
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Проектот сеуште не е започнат Помлад соработник за подготовка и анализа на проекти во општина Кавадарци
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Н/П Проектот сеуште не е започнат Помлад соработник за подготовка и анализа на проекти во општина Кавадарци
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Н/П Проектот сеуште не е започнат Помлад соработник за подготовка и анализа на проекти во општина Кавадарци
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Н/П Проектот сеуште не е започнат, се очекува да остане приоритет во 2023 година Помлад соработник за подготовка и анализа на проекти во општина Кавадарци
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Н/П Проектот сеуште не е започнат Помлад соработник за подготовка и анализа на проекти во општина Кавадарци
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Проектот сеуште не е започнат Помлад соработник за подготовка и анализа на проекти во општина Кавадарци
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Н/П Проектот сеуште не е започнат Помлад соработник за подготовка и анализа на проекти во општина Кавадарци
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Кога мобилизаторите телефонски разговараа со Раководителот на Секторот за уредување и располагање со градежно земјиште, им било препорачано сите потребни информации да ги побараат преку Барање за информации од јавен карактер. Раководител на Секторот за уредување и располагање со градежно земјиште
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Мобилизаторите остварија состанок со општината за многу кратко време по претходно официјално барање. Мобилизатори
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Мобилизаторите претходно разговараа телефонски со претставник од општината. Телефонски разговор со Раководител на секторот за уредување и располагање со градежно семјиште
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Постојат поднесени иницијативи од домот на пенизонери Помлад соработник за подготовка и анализа на проекти
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Домот на пензионери во општина Кавадарци , поднеле инцијатива со која Општината се согласила Помлад соработник за подготовка и анализа на проекти во општина Кавадарци
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Н/П Проектот не е започнат Помлад соработник за подготовка и анализа на проекти во општина Кавадарци
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Истите се предвидени по започнување на проектот Помлад соработник за подготовка и анализа на проекти во општина Кавадарци
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Има можности на веб страницата на општината но тие не се сеуште искористени за ова прашање Помлад соработник за подготовка и анализа на проекти, веб страна на општина Кавадарци (https://kavadarci.gov.mk/)
      4.3 Отворени денови на општината Не Општина Кавадарци не одржува отворени денови на општината Помлад соработник за подготовка и анализа на проекти во општина Кавадарци
      4.4 Граѓански иницијативи Да Иницијатива од Домот на Пензионери на град Кавадарци Помлад соработник за подготовка и анализа на проекти во општина Кавадарци