Што е (не)сработено?

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на исполнувањето на изборното ветување поврзано со „воспоставување на сензорни соби и пристапност за деца со попреченост“ кое е наведено во изборната програма за 2021 година за општина Кисела Вода. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: онлајн анкета, интервјуа со засегнати граѓани, видео кампања, настан со стенд ап комедија, дискусија на тркалезна маса и слично.

Темата на локалниот мониторинг е ставањето во функција на сензорните соби и подобрување на пристапот на децата со попреченост.

Имплементатор
Центар за младински активизам ЦМА - Крик Скопје
Локација
Кисела Вода, Скопје
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Н/П Не постои јавна информација, но проектот е отпочнат бидејки дел активности се реализирани. https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/naslovna/9-novosti/3330-2022-05-19-11-32-00
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Н/П Не постои јавно достапна информација дали набавката е во тек.
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Н/П Не постои јавно достапна информација за одржани средби и состаноци
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Н/П Не постои јавно достапна информација за подготвен план за реализација
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Н/П
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Изградени две сензорни соби во две различни училишта. https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/naslovna/9-novosti/3330-2022-05-19-11-32-00
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Изградени две сензорни соби во две различни училишта. https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/naslovna/9-novosti/3330-2022-05-19-11-32-00
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Во буџетот на општината Кисела вода за 2022 нема одделено средства за опремување на сензорни соби, истите се реализираат преку донации. Буџет на општина Кисела Вода (https://www.kiselavoda.gov.mk/content-data/Broshuri/budzet22.pdf)
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Н/П Не постои јавно достапна информација по ова прашање
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Н/П Општината сѐ уште нема донесено буџет за 2023
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Н/П
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Не постои стагнација https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/naslovna/9-novosti/3330-2022-05-19-11-32-00
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Нема обновени информации. Во прилог информации од веб страната на општината за досегашните активности https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/naslovna/novosti/3489-2022-12-09-15-08-03 https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/naslovna/9-novosti/3330-2022-05-19-11-32-00
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Н/П Мобилизаторите подготвуваат барање за информации од јавен карактер кое ќе биде доставено до општината
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Н/П Во моментов нема доволно информации по ова прашање
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Не Граѓани
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Н/П Во моментов нема доволно информации по ова прашање
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓани, граѓански организации
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Опремувањето на двете сензорни соби се реализира преку донации Во моментов нема официјална информација за донациите
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Да Веб страната на општината нуди можност за учество преку делот за јавни дискусии (линк во прилог) https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/glavnidiskusii
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Веб страната на општината нуди можност за учество преку делот за јавни дискусии (линк во прилог) https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/glavnidiskusii
      4.3 Отворени денови на општината Н/П Општината нема јавно достапни информации за отворени денови на општината Веб страна на општината
      4.4 Граѓански иницијативи Н/П Нема јавно достапни информации за граѓански иницијативи во реазлизирањето на сензорните соби во училиштата во Кислеа Вода.