Општина по мерка на младите

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на формирањето на Локален младински совет во општина Струмица како репрезентативно тело на младите што е одговорно за креирање и унапредување на младинските политики, како и за засилено учество на младите во процесите на креирање политики и донесување одлуки на локално ниво. Ова ветување беше дадено за време на изборите во 2021 година. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: мапирање на локалните актери и утврдување на причините зошто не се исполнети изборните ветувања; барометар за младинско учество во општина Струмица; кампања за подигнување на јавната свест насочена кон младите луѓе; кус документ за политики – препораки за справување со проблемот; тркалезна маса со раководството на општината.

Темата на локалниот мониторинг се активностите на општината за воспоставување локален младински совет.

Имплементатор
Здружение на граѓани, Центар за истражување и анализи „НОВУС“ СТРУМИЦА
Локација
Струмица
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Донесена е одлука за почеток со реализација но сеуште не е јавно објавена Службеник за млади на општина Струмица
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Н/П нема потреба од јавни набавки за овој проект
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Службеник за млади на о.пштина Струмица
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Конкретен план нема креирано, но општината се води од прирачникот за локални младински совети Службеник за млади на општина Струмица
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Не Јавен повик сеуште нема објавено, нема креирано одбор на советот Службеник за млади на општинаСтрумица
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Не Сеуште нема започнато со конкретни активности Службеник за млади на општина. Струмица
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Службеник за млади на општина Струмица
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не Нема потреба од големи буџетски средства за реализација на проектот Службеник за млади на општина Струмица
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Сите предуслови се исполнети Службеник за млади на о. Струмица
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Проектот е сеуште приоритет Службеник за млади на општина Струмица
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран Службеник за млади на општина Струмица
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Нема стагнација Службеник за млади на општина Струмица
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Постојат информации само за претходниот младински совет Веб страна на општината (https://strumica.gov.mk/)
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Механизмот на Барања од информации од јавен карактер постои, но нема информации дали истиот е искористен за ова прашање Веб страна на општината - контакти за Барања од информации од јавен карактер (https://strumica.gov.mk/informacii-od-javen-karakter/)
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Службеник за млади на општина Струмица
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Службеник за млади на општина Струмица
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Н/П Нема информација
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Н/П Нема информација
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Службеник за млади на општина Струмица
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Да Локалниот младински свет е споменет на јавен собир при креирањето на локалната стратегија за млади.
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Механизми постојат и граѓаните ќе имаат можност да се приклучат електронски кога ќе биде објавен самиот повик. Веб страна на општината (https://strumica.gov.mk/)
      4.3 Отворени денови на општината Не Општината спроведува индивидуални состаноци со граѓаните што имаат потреба. Службеник за млади на општина Струмица
      4.4 Граѓански иницијативи Не Општината поддржува граѓански иницијативи но досега нема покренато граѓанска иницијатива по ова прашање Службеник за млади на општина Струмица