Иницијатива за подобри услови за живот и подобрување на животната средина во ромската заедница во Кочани

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на реализација на изборното ветување од 2021 година поврзано со „Подобрување на условите за живот на ромската заедница во Општина Кочани преку подобрено собирање на отпад и создавање на рекреативни зелени површини за млади и постари лица“. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: истражување за мислењето на граѓаните; формирање на работна група од граѓани чија цел ќе биде следење на активностите на локалната самоуправа поврзани со изборното ветување; тристран договор (невладина организација, градоначалник и јавно претпријатие за комунална хигиена), вклучувајќи и акционен план за имплементација; герилски акции и прес-конференции.

Темата на локалниот мониторинг е одржувањето на јавната чистота во ромската заедница во општина Кочани.

Имплементатор
Центар за развој на заедницата СВЕТЛА ИДНИНА Кочани
Локација
Кочани
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не Секретар на Општина Кочани Комунален инспектор при Општина Кочани
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Н/П Не е потребно , бидејќи чистењето на дивите депонии и програмата за јавна чистота ја спроведува комуналното претпријатие Веб страна на општината (kocani.gov.mk)
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Веб страна на општината (kocani.gov.mk) ФБ страна на организацијата kocani232 - facebook page svetla idnina
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Во овој период сеуште нема подготвен план за реализација, но во текот на наредните месеци ке се иницира акциски план за подобрување на животната средина во Кочани Секретар на општина Кочани, Оддделение за животна средина
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Видливи се активности на терен за расчистување на дел од депониите, но овие активности не се доволни, односно не се темелни со цел да се спречи понатамошно загадување Веб страна на општината (kocani.gov.mk) ФБ страна на организацијата kocani232 - facebook page svetla idnina
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Видливи се активности на терен за расчистување на дел од депониите, но овие активности не се доволни, односно не се темелни со цел да се спречи понатамошно загадување. Видливо Веб страна на општината (kocani.gov.mk) ФБ страна на организацијата kocani232 - facebook page svetla idnina
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Н/П Поконкретни резултати се очекуваат од декември и во почетокот 2023 година Секретар на општина Кочани Веб страна на општината (kocani.gov.mk)
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Општината има недостаток на средства за исполнување на програмите за 2023 година поради кризната ситуација со електричната енергија, поради што заостануваат во одредени приоритети Секретар на општина Кочани
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Комунален инспектор во Општина Кочани
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Проектот и прашањето кое се мониторира е со висок приоритет на Општина Кочани Секретар на општина Кочани Одделение за локален економски развој
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Секретар на општина Кочани
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Нема стагнација Веб страна на општината (kocani.gov.mk)
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Информации за статусот на проектот можат да се најдат на ФБ страната на организацијата Светла Иднина која го третира ова прашање Веб страна на општината (kocani.gov.mk) ФБ страна на организацијата kocani232 - facebook page svetla idnina
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Службеник за односи со јавноста
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Во рамките на проектот се формираше кризна група - настан во кој учествуваа околу 21 учесник од заедницата , при што се запознааени со проектот и тековните активности Организацијата носител на проектот, граѓани од ромската заедница
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да пријави од граѓаните информации од граѓани НВО „светла иднина“ кочани, често разговара со граѓаните и споделува информации од општината за текот на проектот
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Учество на настани организирани од Општина Кочани Веб страна на општината (kocani.gov.mk)
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да НВО светла иднина има поднесено повеќе иницијативи на прашањето кое е предмет на мониторинг, поради што се организираат и наведените ад хок активности на терен. Претседател на организацијата Светла Иднина
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Се организираат акции за чистење на депониите и ѓубрето од улиците во организација на граѓански организации и општината или акции за посадување на дрвца , со цел да се спречи фрлање на ѓубрето. ФБ страна на организацијата (kocani232 - facebook page svetla idnina)
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Да Општината често организира јавни настани како на пример буџетски форуми, тематски форуми и сл. но нема информации дали се дискутирало ова прашање Веб страна на општината (kocani.gov.mk)
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Веб страна на општината (kocani.gov.mk)
      4.3 Отворени денови на општината Да Општината често организира отворени денови за граѓаните, каде учествуваат и граѓани од ромската заедница и даваат предлози за подобрување на животната средина и подобрување на условите во заедницата. Веб страна на општината (kocani.gov.mk)
      4.4 Граѓански иницијативи Да Организацијата Светла Иднина има поднесено повеќе иницијативи што значи дека тој механизам се практикува од страна на општината Веб страна на општината (kocani.gov.mk)