Биди креатор на својата автономна ЗОНА – Младински центар

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на реализација на изборното ветување поврзано со отворањето и работењето на Младински центар во општина Прилеп. Ова ветување не е вклучено во Работниот план за 2022 година и Буџетот на локалната самоуправа. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: подготовка и дисеминација на документ за политики за учество и вклученост на младите во економскиот, социјалниот и професионалниот живот; јавна кампања за важноста на Младинскиот центар, јавна петиција до локалната самоуправа за потсетување на изборното ветување и слично.

Темата на локалниот мониторинг е воспоставувањето на младински центар во Прилеп.

Имплементатор
Младински совет - Прилеп
Локација
Прилеп
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не Веб страна на општината (https://www.prilep.gov.mk/)
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Н/П Проектот е во својата иницијална фаза и стагнира
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Општината одржува информативни средби со засегнати страни по нивно барање Младински организации
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Веб страна на општината (https://www.prilep.gov.mk/) Службен гласник на општината
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Не Не се обезбедени неопходни предуслови за почеток Веб страна на општината (https://www.prilep.gov.mk/) Службен гласник на општината
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Не Проектот стагнира Младински организации
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Нема видливи првични резултати од реализација на проектот Веб страна на општината (https://www.prilep.gov.mk/) Службен гласник на општината
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не Има одделено парични средства за оваа намена, но нема никаква реализација за воспоставување на овој центар. Буџет на општина Прилеп за 2022г (https://www.prilep.gov.mk/wp-content/uploads/2022/01/buget-za-2022-godina.pdf)
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Н/П Нема информации
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Н/П Проектот сеуште останува на агендата на општината но уназадува по важност Заменик на градоначалникот на општина Прилеп
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Н/П
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Според општината - нема стагнација Заменик на градоначалникот на општина Прилеп
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Постојано се објавуваат новости и информации но досега нема објавено информации по ова прашање Веб страна на општината (https://www.prilep.gov.mk/)
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Информациите за ова прашање потпаѓаат под информации кои можат да се добијат со Барање за информации од јавен карактер
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Одржани информативни средби со засегнати страни Младински организации
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Не
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Н/П Нема информации
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Н/П Поднесени се иницијативи, но општината нема превземено ништо за нивна реализација Веб страна на општината (https://www.prilep.gov.mk/)
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Н/П Нема информации
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Младински организации, граѓани
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Освен контакт формата на веб страната на општината, не постојат други алтернативни начини за електронско учество Веб страна на општината - контакт форма (https://www.prilep.gov.mk/kontakt/)
      4.3 Отворени денови на општината Да Повремено општината организира отворени денови на општината за контакти со граѓани https://www.prilep.gov.mk/otvoren-den-za-sredba-so-gragjani-na-gradonachalnikot/
      4.4 Граѓански иницијативи Н/П Нема информации