Дебар ОН, електронско граѓанско учество

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на изборните ветувања за „Зголемено учество на граѓаните во испораката на услуги, како и зголемена транспарентност, одговорност и отчетност на општината и општинските претпријатија со користење на дигитална технологија“. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: дизајн и промоција на телефонска апликација која им овозможува на жителите на општината и на засегнатите локални заедници да учествуваат; споделување на резултатите со локалните власти и комуналните претпријатија и залагање за подобрена дигитализација на комуналните услуги.

Темата на локалниот мониторинг е употребата на дигиталната технологија од страна на општината за зголемување на нејзината транспарентност и ефикасност.

Имплементатор
Здружение Центар за одржлив развој на заедницата Дебар
Локација
Дебар
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира