За исполнети ветувања

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на реализација на изборните ветувања поврзани со донесување на Општинска стратегија за соработка со ГО за 2022-2025 и обезбедување на буџет за нејзина реализација. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: јавна расправа со ГО за важноста на Стратегијата за соработка со ГО за 2022-2025; кампања и притисок врз локалната самоуправа за доделување на средства за проекти од јавен интерес; градење на капацитети за активни ГО во општина Делчево за следење на работењето на локалната самоуправа преку механизам/алатки за „слободен пристап до информации од јавен карактер“.

Темата на локалниот мониторинг е подготовката и имплементацијата на стратегија за соработка на општината со НВО сектор.

Имплементатор
Невладина организација КХАМ ДЕЛЧЕВО
Локација
Делчево
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не Се очекува да биде дел од програмата на општината за 2023
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Н/П Не постои потреба за набавки за овој проект
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Во периодот кој следува се планирани средби со сите НВОа и градоначалникот на општина Делчево Невладини организации
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Проектот сеуште не е започнат. Се очекува програмата на општината за 2023
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Не Проектот сеуште не е започнат. Се очекува програмата на општината за 2023
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Не Проектот сеуште не е започнат. Се очекува програмата на општината за 2023
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Проектот сеуште не е започнат. Се очекува програмата на општината за 2023
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не Донесувањето на стратегијата не бара голем буџет, со тоа сметаме дека нема да биде голем финансиски товар кој треба да се планира
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Сите предуслови се исполнети
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Проектот е сеуште приоритет Програмата за 2023 е во фаза на изработка
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Н/П
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Да Во моментов нема доволно информации зошто проектот сеуште не е започнат со реализација
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Веб страна на општина Делчево (https://www.delcevo.gov.mk/)
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Барање за информации од јавен карактер е доставено од мобилизаторите до општината, се очекува одговор
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Граѓани, организации
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Граѓани
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓани
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓани
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Граѓани
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Досега нема реализирано јавни настани по однос на ова прашање Невладини организации, Граѓани
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не Веб страна на општината https://www.delcevo.gov.mk/
      4.3 Отворени денови на општината Да Општината има јавно достапен календар на приемни денови на својата веб страна Веб страна на општината https://www.delcevo.gov.mk/rasporedot-za-priemni-denovi-za-rabota-so-stranki-i-odrzhuvane-na-sostanoci
      4.4 Граѓански иницијативи Да Реализацијата на овој проект е граганска иницијатива на организацијата КХАМ од Делчево