Црвен картон за дивите депонии во Шуто Оризари

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на изборните ветувања и ќе се потсетува локалната самоуправа и жителите на општина Шуто Оризари на нерешениот проблем со дивите депонии. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: мапирање на терен (фотодокументација на постојните диви депонии; организирање петиција за општинските и градските власти на Скопје за исполнување на изборното ветување; организирање герила акција; организирање креативна акција (креативен или уметнички активизам); медиумско известување за проблемот со дивата депонија во Општина Шуто Оризари.

Темата на локалниот мониторинг се издвојувањата од општинскиот буџет за справување со дивите депонии.

Имплементатор
Иницијатива за развој и инклузија на заедниците – ИРИЗ, Скопје
Локација
Скопје, Шуто Оризари
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не Во моментот нема јавно достапна информација Веб страна на општина Шуто оризари (https://sutoorizari.gov.mk/)
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не За реализација на проектот не се потребни јавни набавки
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Граѓански организации, граѓани
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Н/П Во моментот нема јавно достапна информација Веб страна на општина Шуто оризари (https://sutoorizari.gov.mk/)
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Има доволно вработени лица во општината на соодветни работни места за реализација на проектот Систематизација на општината
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Не Нема видливи резултати, депонијата сеуште постои Видливо на терен
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Нема видливи резултати, депонијата сеуште постои Видливо на терен
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Н/П Нема точна информација во буџетот за 2022г како ставка за средства конкретно за ова прашање. Буџетот за 2023г сеуште не е јавно донесен/достапен Буџет на општина Шуто оризари за 2022г (https://sutoorizari.gov.mk/wp-content/uploads/2022/02/%D0%91%D1%83%D1%9F%D0%B5%D1%82-2022.pdf)
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Н/П Нема информации
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Н/П Нема информации
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Н/П Нема јавно достапни информации дека проектот е стопиран поради некоја од наведените причини Веб страна на општина Шуто оризари (https://sutoorizari.gov.mk/)
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Да Нема јавно достапни информации за стагнација
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Веб страна на општина Шуто оризари (https://sutoorizari.gov.mk/)
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Н/П Нема информации дека се споделуваат таков вид на информации Граѓани
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Н/П Нема информации дека се споделуваат таков вид на информации Граѓани
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓани
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Н/П Нема информации
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Н/П Нема информации
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Не се одржани јавни собири на таа тема Веб страна на општина Шуто оризари (https://sutoorizari.gov.mk/)
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не Веб страна на општина Шуто оризари (https://sutoorizari.gov.mk/)
      4.3 Отворени денови на општината Да Општината одржува отворени денови секој петок од 10-15ч, но дали на некои од нив е разговарано за ова прашање не постои јавно достапна информација Објава за отворени денови на општината на веб страната на општината (https://sutoorizari.gov.mk/%d0%be%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%bd-%d0%b4%d0%b5%d0%bd/)
      4.4 Граѓански иницијативи Не Граѓани