Шанса за младите – Сега!

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на исполнувањето на изборното ветување „Отворање на мини индустриска зона во населено место Подбрегје“ во насока на ревитализација на локалната економија во општина Јегуновце и отворање на нови работни места за младите. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: теренски истражувања; состаноци со локалната самоуправа, лобирање, мобилизирање на младите и локалното население преку потсетување на ветувањето и споделување на резултатите од мониторингот; јавни дебати со засегнатите страни.

Темата на локалниот мониторинг се активностите за отворањето на индустриска зона во населеното место Подбрегје.

Имплементатор
Здружение за рурален развој Локална акциона група ЛАГ СКАРДУС с. Јегуновце, Јегуновце
Локација
Јегуновце
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не Сеуште нема одлука за почеток со реализација. Состанок со Градоначалник
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Н/П Проектот не е започнат и поради тоа не се спроведува процес на набавки Градоначалник и вработен од општина Јегуновце
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Не се одржани средби со граѓани по тоа прашање Состанок со Градоначалник
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Има подготвен план за реализација Состанок со Градоначалник
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Недостига уште дозвола од Катастар за земјиште Состанок со Градоначалник
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Не Проектот не е започнат Состанок со Градоначалник
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Проектот не е започнат Состанок со Градоначалник
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Нема доволно средства во буџетот за 2022 година за овој проект Состанок со Градоначалник
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да Легализација на земјиште Состанок со Градоначалник
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Проектот се уште е приоритет, но нема средства за релизација и ќе биде дел од годишната програма за 2023 година на општина Јегуновце Состанок со Градоначалник
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Н/П Проектот не е започнат Состанок со Градоначалник
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Познати се причините. Состанок со Градоначалник
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Нема достапни информации за ветувањето на веб страната Состанок со Градоначалник
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Може да се достави барање од јавен карактер Состанок со Градоначалник
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Отворена можност за соработка Состанок со Градоначалник
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Директен контакт со граѓани, преку неформални состаноци и средби. Состанок со Градоначалник
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не До сега немало дискусии за ова прашање со граѓаните Состанок со Градоначалник
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не (EN) The project has not started Состанок со Градоначалник
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Н/П Проектот не е започнат Состанок со Градоначалник
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Општината за сега нема организирано јавни настани за вклучување на граѓаните по ова пршаање Состанок со Градоначалник
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Има опција на веб страната, посебен дел електронски да се поднесе барање или да се пријави проблем Состанок со Градоначалник Веб страна на општината (https://opstinajegunovce.gov.mk/)
      4.3 Отворени денови на општината Не Нема отворени денови на општеината Состанок со Градоначалник
      4.4 Граѓански иницијативи Не Нема граѓанска иницијатива за ова прашање. Состанок со Градоначалник