Селектирање и рециклирање на отпад за минимизирање на загадувањето во општините Струмица, Ново Село и Босилово

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на спроведување на изборното ветување на независните локални советници од кандидатската листа „Стига е“ за општините Струмица, Ново Село и Босилово, односно „да се намали загадувањето на животната средина со отпад“. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: истражување на мислењето на граѓаните за степенот на исполнување на ветеното; јавна дебата со претставници на локалната самоуправа, експерти и засегнати граѓани; организирање на герилски акции и слично.

Темата на локалниот мониторинг е селекција и рециклажа на отпадот во општина Босилово.

Имплементатор
Здружение за еколошки одржлив развој Зелен институт - Скопје
Локација
Босилово, Ново Село, Струмица
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Советник во општината Босилово каде што се следи ова прашање
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Да Во моментот има пет поставени контењери за селекција.Набавени се 40 нови контењери кои не се распределени по локации, планирани се нови 100 за 2023 година од Пакомак Советник во општината
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Советник во општината
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Планот за реализација е подготвен Советник во општината
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Поставени се контењери за селекција на отпад Инспектор за животна средина
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Се планираат локации каде да се поставаат , на следна седница на советот треба да се утврдат локациите Советник во општината
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Новите контејнери сеуште не се поставени Советник во општината
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не Советник во општината
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Потребно е да се работи на развивање на свеста кај граѓаните ,општината треба да ги стимулира Советник во општината
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Советник во општината, Инспектор за животна средина
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран Советник во општината, Инспектор за животна средина
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Нема стагнација
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Веб страна на општината (https://opstinabosilovo.gov.mk/)
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Инспектор за животна средина
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Не Советник во општината
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Советник во општината
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Советник во општината
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Советник во општината
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Одреден број домаќинства самостојно си селектираат стакло и пластика во кеси, каде што нема поставени контејнери за селектирање отпад Советник во општината, граѓани
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Нема одржано јавни настани по ова прашање Советник во општината
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не Веб страна на општината (https://opstinabosilovo.gov.mk/)
      4.3 Отворени денови на општината Не Нема отворени денови на општината Советник во општината, Веб страна на општината (https://opstinabosilovo.gov.mk/)
      4.4 Граѓански иницијативи Не Советник во општината,