Town Hall Discussion


Големина на фонт

Состојбата со пандемијата не влијаеше многу врз нас. Се прилагодивме на новонастанатата состојба со тоа што ја сменивме формата на организираните активности и од физички ги префрливме на интернет.

Со задоволство ја споделуваме со вас информацијата за спроведените Town Hall Discussion кои беа организирани од нашите мобилизатори на заедницата.

Мобилизаторите на заедницата се поделени во три групи:

  • Економија и невработеност / Здравство;
  • Човекови права и ранливи категории;
  • Образование.

Првата дискусија се одржа на 23 јуни, на платформата Зум со групата за Економија и невработеност / Здравство. Мобилизаторите на заедницата пред присутните ги презентираа мерките на техничката влада што ги следеа. Мерките беа владина реакција за справување со последиците од Ковид-19 кризата.

Низ дискусија, презентации и видеа, тие го објаснија процесот на собирање податоци за мерките што ги следеа. Особено сме среќни и задоволни од покажаниот интерес и прашањата на публиката, што направи овој настан да биде успешен.

Придружете ни се на следните две Town Hall Discussion на 26-ти и 29-ти јуни на платформата Зум.

За повеќе информации, следете нè на нашата Фб страница – Support to Electoral Reforms.

КОГА

од: 23-06-2020 18:00

до: 23-06-2020 19:30

КАДЕ

Галерија

Останати настани

Панел дискусија посветена на политичкото рекламирање и интегритетот на изборите

Мобилизатори на заедницата

03-04-2024

Работилница за акредитирани набљудувачи на изборите

Мобилизатори на заедницата

30-03-2024

Панел дискусија: Зајакнување на соработката меѓу националните чинители за проценка на изборниот ризик во Северна Македонија

Мобилизатори на заедницата

27-03-2024