Презентација на Извештајот за влијанието на демографските фактори врз учеството на граѓаните во јавниот живот и едукацијата на гласачите


Големина на фонт

Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) организира презентација на Извештајот за влијанието на демографските фактори врз учеството на граѓаните во јавниот живот и едукацијата на гласачите, која ќе биде наменета за невладини организации за жени, локални советници и за луѓе со попреченост.
Извештајот е дел од проектот „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“, финансиран од Швајцарската агенција и имплементиран од ИФЕС. Главната цел на проектот е да ги поддржи демократските изборни процеси што го олеснуваат политичкото учество и социјалната интеграција, овозможувајќи им на гласачите слободно да ги избираат своите претставници и да ги повикуваат на одговорност.
Настанот ќе биде организиран според актуелните владините пропишани протоколи за заштита од Ковид-19.

КОГА

од: 22-03-2022 11:00

до: 22-03-2022 13:00

КАДЕ

ресторан „Златна Москва“, Свети Николе

Останати настани

Панел дискусија посветена на политичкото рекламирање и интегритетот на изборите

03-04-2024

Работилница за акредитирани набљудувачи на изборите

30-03-2024

Форум „Граѓанските организации и изборите“

26-03-2024