Јавна презентација: Bitola Smart APPcity


Големина на фонт

На 13 август во Битола имплементаторот Андреј Гулабовски ќе одржи јавна презентација во рамките на иницијативата Bitola SmartAPPcity, чијашто цел е да одговори на слабата вклученост на јавноста во подготовката и реализацијата на буџетот преку испитување на можноста за дигитализација на одредени релевантни процеси на општинско ниво.

Присутните на настанот ќе бидат запознаени со содржината и целите на проектот, по што ќе биде презентирано видеото во кое на директен начин ќе биде претставена функционалноста на сите предложени реформи.

Во продолжение е распоредот на планирани активности:

18:00-18:15 Поздравување на присутните

18:15-19:00 Презентирање на резултатите од компаративната анализа – Симона Јовеска

19:00-19:15 Презентирање на промо-видеото – Андреј Гулабовски

19:15-19:40 Дискусија и прашања

КОГА

од: 13-08-2021 18:00

до: 13-08-2021 19:40

КАДЕ

Триангл Кафе, Битола / Triangl Cafe, Bitola

Галерија

Останати настани

Работилница со ДИК од областа на јавните набавки

Млади од политички партии

12-12-2022

Четврта работилница со мобилизатори на заедницата

Млади од политички партии

02-12-2022

Мониторинг на локални политики и надлежности на локалната власт

Млади од политички партии

25-11-2022