Панел дискусија на тема „Како информациските технологии може да помогнат во подобрување на јавната администрација“


Големина на фонт

Мобилизаторката на заедницата Елена Ридова во рамки на иновативната иницијатива на 23.10.2021 ќе одржи Панел дискусија на тема „Како информациските технологии може да помогнат во подобрување на јавната администрација“, во Младинскиот Центар во Кавадарци.

Целта на настанот е да се дискутираа за начинот на подобрување и дигтализирање на јавната администрација.

Елена ја следи мерката на Владата од програмата 2020-2024, која гласи: „Модерна и ефикасна администрација: повеќе систем, помалку бирократија – Со воведување на Електронски систем за автоматизација на административни постапки БПМС секоја работна задача кон вработените ќе се задава јасно и прецизно со можност во реално време да се следи нејзиното извршување, со што ќе се зголеми ефективноста и отчетноста за работата, а унапредувањето и наградувањето ќе се базира на реални показатели и придонес. Владата планира до крајот на 2021 година да воведе БПМС систем, во најмалку 30% од органите на државната управа, а до крајот на 2024 година системот ќе биде воведен во сите органи на државната управа.“

КОГА

од: 23-10-2021 10:45

до: 23-10-2021 13:00

КАДЕ

Youth Center - Kavadarci

Галерија

Останати настани

Презентација на Физибилити студија и патоказ за основање на тренинг центар во Државната изборна комисија (ДИК)

Мобилизатори на заедницата

13-10-2022

Презентација на физибилити студија и патоказ за основање на тренинг центар во Државната Изборна Комисија (затворен настан)

Мобилизатори на заедницата

12-10-2022

Академија за јавни политики Модул I: Основи

Мобилизатори на заедницата

30-09-2022