Мој простор – Инфо сесија


Големина на фонт

Дали знаете дека Владата во нејзината официјална програма вети отворање на Младински културни центри? Дали сакате да слушнете нешто повеќе околу тоа?

Сите оние кои сакаат да дознаат повеќе за младинските центри, а воедно и сакаат и им е потребен простор за среќавање со твоите пријатели, простор за едукативни и други активности да ни се придружат на инфо сесијата заеднички да продискутираме.

Ќе разговараме за тоа:
– што се младински културни центри?
– за кого се наменети?
– дали постојат кај нас?
И уште многу други информации.

Ќе разговараме за иницијативата МојПростор, која има за цел да ве информира повеќе за овие ваши потреби. И за тоа каде, како и кој може да помогне или има за задача да ги оствари.
Фасилитатор на сесијата ќе биде Мартина Јачевска, локален мобилизатор во „Поддршка на изборни реформи“, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во партнерство со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ)

Придружете ни се на инфо сесијата на 29.01.2021 (петок) во 17:00 часот на Зоом.

 

КОГА

од: 29-01-2021 17:00

до: 01-01-1970

КАДЕ

Zoom platform

Галерија

Останати настани

Алумни конференција за Мобилизатори на заедницата: Патот изоден досега и што понатаму

Мобилизатори на заедницата

09-06-2023

Хакатон

Мобилизатори на заедницата

27-05-2023

3 Модул - Комуникација и пристап до граѓани (Академија за лидери ПИАЦ ВМРО-ДПМНЕ)

Мобилизатори на заедницата

26-05-2023