БРИЏ – Работилница за едукација на граѓани и гласачи


Големина на фонт

Модулот за едукација на гласачи и граѓани дава преглед на дефинициите, образложението и принципите на коишто се темели информирањето на гласачите, едукацијата за гласачите и изборите, како и аспектите што треба да се земат предвид при развивање и спроведување на програмите за едукација на гласачите и граѓаните. Обуката е важна за сите засегнати страни кои на одреден начин се вклучени во областа/процесот на едукација на граѓаните и гласачите. Оваа особено интерактивна работилница за професионален развој на учесниците им нуди рамка и методологија за развој на ефективни, фокусирани и економични програми за едукација на гласачите и граѓаните.

За БРИЏ:

https://www.bridge-project.org/

BRIDGE модулите нудат сеопфатни програми за стручно усовршување на изборната администрација. Овие модули придонесуваат кон подобрување на вештините, знаењата и самодовербата кај стручните лица кои работат во доменот на изборите, како и кај клучните чинители во изборните процеси, меѓу кои спаѓаат политичките партии, медиумите, набљудувачите итн.

КОГА

од: 15-03-2023 09:00

до: 17-03-2023 16:00

КАДЕ

h. Hilton, Skopje

Скопје/ Skopje

Останати настани

Развој на концептот на мониторирање изборни ветувања: Промотивен настан со локалните самоуправи

03-10-2023

Бранч за алумни - „Загрејте се. Избори се ближат!“

30-09-2023

(EN) Presentation of main findings: Youth and use of personal data on internet

13-06-2023