Иницијативи кои што се спроведуваат
Жена, маж или човек?/Јас сум жена, не сум само бројка!
Оваа иновативна иницијатива има за цел да ја информира и мобилизира заедницата за важноста на родовата еднаквост.
Иницијативата вклучува спортска активност – кајакакарење, веслање за родова еднаквост.
Оваа активност ќе се снима, за да може понатаму да се користи за подигнување на свеста за родовата еднаквост, дека секој човек може да весла без разлика каков е и на која група припаѓа. Преку производство на промотивни материјали и информативно видео, иницијативата ќе допре до повеќе луѓе за кои се надеваме дека заедно ќе започнат да ги уриваат родовите стереотипи.

Жена, маж или човек?/Јас сум жена, не сум само бројка!
Кажи не на коцкањето!
Оваа иновативна иницијатива ќе ги претстави промените во Законот за игрите на среќа и за забавните игри.
Целта на оваа иницијатива е да ги мобилизира граѓаните да преземат дејствија и да извршат притисок врз надлежните органи да ги отстранат објектите за коцкање на најмалку 500 метри оддалеченост од училиштата и верските објекти. Активностите во иницијативата ќе имаат за цел да ги информираат граѓаните за ветувањата дадени од владината програма и исто така да ја подигнат свеста за негативното влијание на коцкањето врз струшката младина.

Кажи не на коцкањето!
УНЕСКО на дланка
Оваа иновативна иницијатива има за цел да ја мобилизира локалната заедница и да информира за важноста на процесот на додавање / отстранување на културните споменици во Охрид и Струга. Иницијативата вклучува дизајн на постери со препораките на УНЕСКО кои ќе бидат поставени на различни локации во двете општини; организација на јавна дискусија; како и таканаречениот Мал Монмартр во Охрид и Струга каде средношколци ќе цртаат креативни мотиви инспирирани од природните и културните убавини на крајезерските градови.

УНЕСКО на дланка
Зголемување на свеста кај младите за иницијативите за самовработување
Фокусот на овој 2I е околу мобилизацијата на засегнатата заедница за спроведување на одредени мерки за самовработување, како дел од Владината програма / Оперативниот план за активни мерки на пазарот на трудот на Агенцијата за услуги за вработување. Досега собраните информации укажуваат на недостаток на информации и свесност кај младите до 29 години во општина Струга во врска со оваа мерка. Во таа смисла, за мобилизирање и подигнување на свеста на младите во врска со оваа мерка, ќе бидат спроведени низа активности како што се: онлајн анкета, работилница, инфо-графика и промотивни материјали и слично. Се надеваме дека ова ќе доведе до зголемен интерес и ангажирање на младите во однос на можностите за самовработување.

Зголемување на свеста кај младите за иницијативите за самовработување
Недостаток на акција од страна на надлежните институции за спречување на нелегалното сечење на планината Јабланица / Ѝ требаш на Јабланица
Овој 2I има за цел да ја следи мерката на владата за „намалување на бројот на инспекторати во земјата за скоро половина и двојно зголемување на бројот на инспектори кои работат на регулативата за животната средина и пазарот“. Ова е потребно бидејќи постојната институционална поставеност во југозападниот регион и општина Струга се соочуваат со многу предизвици во врска со масовно нелегално сеча на планината, уништување на шумите, свлечишта и поплави. Иницијативата има за цел да започне петиција преку Интернет што ќе собере поддршка од јавноста и ќе побара од владата да го забрза спроведувањето на оваа планирана мерка. Предвидени се и други активности за ангажирање на заедницата, како што се: кампања за социјални медиуми, герила активности, печатени материјали за дисеминација на информации.

Недостаток на акција од страна на надлежните институции за спречување на нелегалното сечење на планината Јабланица / Ѝ требаш на Јабланица
Струга се грижи
Оваа иницијатива се осврнува на добро познатото прашање со уличните кучиња во Општина Струга. Со цел придонесување кон решавање на овој проблем, ќе се имплементира истражување преку квантитативни и квалитативни методи чии заклучоци ќе придонесат за креирање на политики и визуелизација на предложеното решение. За засегнатите страни како и за општинските власти ќе се одржи промоција и презентација во насока на имплементирање на најдоброто решение за решавање на ова прашање.

Струга се грижи
Мали и диви депонии во Струга
2И има за цел да информира за проблемот со дивите депонии за отпад во општина Струга. Таа ќе се зафати со мапирање на дивите депонии и ќе ја подигне свеста за проблемот кај граѓаните и одговорните локални власти. Собраните докази и наодите со препораки ќе се користат за изборната програма на политичката партија во општина Струга

Мали и диви депонии во Струга
Поголема застапеност преку Комисијата за меѓуетнички односи
Оваа иницијатива ќе се осврне на системската бариера за ефективна работа на Комисијата за меѓуетнички односи на Општинскиот совет на општина Струга. Преку состаноци со вклучени засегнати страни и експерти и практичари од локалната самоуправа, иницијативата ќе помогне во идентификувањето на работите кои што треба да се променат во статутот на општината за да се поттикне работата на постојната Комисија. Наодите од иницијативата ќе бидат искористени за подготовка на партиската изборна програма за локалните избори во општина Струга
