Иницијативи кои што се спроведуваат
„Реконструкција“
Целта на оваа иновативна иницијатива е да ги претстави активностите на Министерството за култура и нивните последици (позитивни исходи или негативни последици), во врска со мерката на владината програма за рехабилитација, адаптација, реконструкција и изградба на објекти што ги користат националните институции во областа на културата.
Иницијативата ќе дизајнира и промовира фото стрип; ќе произведе и објави краток филм кој ќе се осврне на темата, односно на придобивките / последиците од реализираните / нереализираните ветувања од оваа мерка.

„Реконструкција“
Бидете ИНформирани, бидете ИН
Оваа иновативна иницијатива содржи две цели. Првата е Зголемување на нивото на свесност кај граѓаните за Оперативниот план 2021 година. Втората цел е охрабрување на невработените граѓани, особено на младите, проактивно да ги користат програмите и мерките предвидени со Оперативниот план.
Досега собраните информации укажуваат на недостаток на информации и свесност на граѓаните во врска со постојните мерки и програми. Во таа смисла, за да се мобилизира и подигне свеста на младите во врска со оваа мерка, ќе бидат спроведени низа активности како што се: инфо сесија (и) со засегнатите членови на заедницата; видео кампања / подкасти за промовирање на мерките за (само) вработување; таканаречена „Човечка библиотека“; и различни активности за промоција и видливост. Се надеваме дека ова ќе резултира со зголемен интерес и ангажирање на граѓаните во однос на даденото ветување на Владата.

Бидете ИНформирани, бидете ИН
Вакцинирај се
Оваа иновативна иницијатива се осврнува на програмата за задолжителна имунизација на населението во земјата за 2021 година.
Првата цел е подигнување на свеста кај населението за важноста на вакцините во превенцијата на заразни болести.
Втората цел е да се намали влијанието на дезинформациите што можат да влијаат на одлуката за вакцинација кај граѓаните.
„Вакцинирај се! е иновативна иницијатива што се состои од повеќе активности со цел да се постигнат горенаведените цели и да се сврти вниманието кон оваа тема. Рутинската имунизација е од суштинска важност како и потребата да се добие јавна доверба во безбедноста и ефикасноста на вакцините против COVID-19.

Вакцинирај се
Дигитални амбасади за побезбедни Македонци во странство
Оваа иновативна иницијатива има за цел да ја информира јавноста за влијанието на дигитализацијата врз амбасадите во однос на обезбедувањето ефективни услуги на државјаните кои живеат / престојуваат во странство.
Во рамки на иницијативата ќе се организира на тркалезна маса со релевантни чинители, како и со претставници на државни институции и други релевантни тела кои се одговорни за спроведување на даденото ветување од страна на Владата.
По дискусијата ќе следи медиумска кампања, а ќе се креираат и неколку едукативни и информативни видеа за самата иницијатива.

Дигитални амбасади за побезбедни Македонци во странство
Имаме вакво нешто
Оваа иновативна иницијатива се стреми да ја информира заедницата за владиното ветување/мерка за реставрација на скопскиот аквадукт.
За таа цел, за да се мобилизира и подигне свеста на младите во врска со оваа мерка, ќе се спроведат низа активности како што се: создавање стрип за деца за тоа каков е аквадуктот и какво е неговото значење денес; креирање на лого со порака за аквадуктот кој ќе биде отпечатен на маица што ќе им биде поделена на граѓаните на главниот плоштад; и финална презентација со познат архитект кој го креирал планот за реставрација.
Сите активности во рамките на оваа иницијатива ќе бидат редовно споделувани на социјалните медиуми.

Имаме вакво нешто
Комунална полиција, арт и хигиена
Во Владината програма се вели дека Владата ќе воведе комунална полиција под надлежност на локалната самоуправа која ќе има законски овластувања да обезбедува ред во нашите општини и Град Скопје. Оваа иницијатива ќе ги информира граѓаните за ова владино ветување и за важноста на неговото исполнување. Тоа ќе се направи преку организирање дискусии на тркалезна маса со граѓани, како и со релевантни институции и претходно идентификувани сојузници (Факултет за безбедност – Скопје). Иницијативата ќе опфати и друго ветување на Владата, односно зголемување на бројот на инспектори за животна средина. Покрај дискусиите, иницијативите вклучуваат и организација на уметничко шоу / изложба на фотографии со диви депонии во општина Радовиш што ќе бидат поставени пред Центарот за култура во Радовиш, со цел што повеќе граѓани да бидат запознаени со проблемот и ветувањето на Владата.
Резултатите ќе бидат објавени на социјалните медиуми, но и визуелизирани преку кратко видео.
Целта на оваа иновативна иницијатива е преку уметност (изложба на фотографии со диви депонии) да се укаже на потребата од исполнување на владините ветувања за двојно зголемување на бројот на инспектори за животна средина и формирање комунална полиција.

Комунална полиција, арт и хигиена
Мој простор
Целта на оваа иновативна иницијатива е да се информира заедницата за обврската на општините да отворат младински центри во првите 5 години од спроведувањето на Законот за младинско учество и младински политики и да информира за можностите кои ги носат овие центри за младите.
Со оглед на тоа дека оваа мерка воглавно ги опфаќа младите луѓе, иницијативата ќе опфати кампања на социјалните медиуми (Тик Ток и Инстаграм) со млади луѓе на возраст од 14 до 18 години, додека истовремено ќе се организира и панел дискусија со општински претставници, родители и млади луѓе.
Сето ова ќе им овозможи на младите луѓе да споделат каков вид на програма сакаат да видат во младинските центри. Нивните идеи и визија ќе бидат снимени во кратко анимирано видео и истото ќе биде споделено со релеватните чинители, како и со јавноста преку социјални медиуми.

Мој простор
Национална конференција - Отворање на нови Центри - „Една Точка за Услуги“
Целта на оваа иницијатива е да се мобилизира заедницата преку јавни дебати во врска со важноста од отворање центри „Една точка за услуги“ во државата. Како дел од иницијативата ќе се организира национална конференција со релевантни чинители, претставници од јавни институции и експерти, а преку теренски посети во неколку општини ќе се дискутира за владината мерка со граѓаните. Предностите од имплементацијата на оваа мерка ќе биде прикажано преку информативно видео кое ќе биде споделено со јавноста

Национална конференција - Отворање на нови Центри - „Една Точка за Услуги“
Патот до успехот на младите научници
Оваа иновативна иницијатива се стреми да ја информира заедницата за владината мерка и потребата од зголемена поддршка за учеството на најдобрите студенти на меѓународни Олимпијади и натпревари, како и младите таленти да бидат признаени од институциите и од заедницата. Ова ќе се постигне преку креирање на краток документарен филм со еден млад интелектуалец, јавна проекција на филмот и дискусија со публиката која ќе следи по завршувањето на филмот за тоа како младите луѓе да бидат повеќе ценети и наградени согласно заслугите.

Патот до успехот на младите научници
Родово еднакви, спортски здрави
Целта на оваа иновативна иницијатива е воведување на родова еднаквост во органите на управување (собрание, одбор на директори, надзорен одбор, итн.) на спортски федерации кои се корисници на средства од Буџетот на Република Северна Македонија. Иницијативата се однесува на ветувањето на Владата дека во 2020 година 30%, а до 2023 година 50% во управните тела на спортските федерации ќе бидат жени.
Во таа насока, преку оваа иницијатива, засегнатите страни ќе бидат мобилизирани и ќе бидат охрабрени да побараат од субјектите да воведат родова еднаквост во органите на управување.
Со реализацијата на оваа иницијатива, најголемата придобивка ќе ја имаат жените спортисти, а како една од најголемите сојузници би била Агенцијата за млади и спорт, надлежна за спроведување на оваа мерка.

Родово еднакви, спортски здрави
Странски директни инвестиции во Македонија: Сон или реалност?
Оваа иновативна иницијатива има за цел да ја подигне свеста за важноста на странските директни инвестиции (СДИ) за стимулирање на економскиот раст и просперитет во Северна Македонија.
Како дел од иницијативата, ќе се спроведе анкета со цел да се открие колку јавноста е запознаена со мерката. Преку анимирано видео кое ќе користи едноставна инфографика, оваа иницијатива ќе ја подигне свеста за важноста на СДИ, ќе го покаже трендот на СДИ и ќе ја анализира моменталната состојба
Таргет групи во рамките на оваа иницијатива се: младината; Економска заедница (Стопанска комора на Македонија, Фајнанс тинк, итн.); невработени лица (Сојуз на синдикати во Македонија, Здружение на невработени – Македонија, итн.)

Странски директни инвестиции во Македонија: Сон или реалност?
4F = згрижувачко семејство = фер семејство
Овој 2I има двојна цел 1) да го следи спроведувањето на мерката „Дом за секое дете – зголемување на додатокот за згрижувачки семејства за 30%“ од Владината програма; и 2) да се зголеми јавната свест за згрижувачките семејства и важноста на секое дете да има дом. Преку дискусии и интеракција со згрижувачки семејства во Скопје, Крушево, Македонски Брод и Прилеп, 2I ќе процени до кој степен се спроведува оваа владина мерка. Предизвиците на згрижувачките семејства и важноста од спроведувањето на оваа мерка ќе бидат прикажани преку видео (и), инфографици и други материјали што ќе бидат споделени со заинтересираните засегнати страни и јавноста воопшто.

4F = згрижувачко семејство = фер семејство
„Македонско село“ Владата ќе го реформира во „Стартно село“
Целта на 2I е да се следи спроведувањето на владиниот проект насочен кон трансформација на „македонското село“ во „почетно село“, што има за цел да обезбеди опкружување на младите претприемачи како „почетна“ заедница за започнување и воспоставување нивните бизниси. Со употреба на различни алатки, иницијативата ќе го процени нивото на свесност кај релевантната заедница за оваа владина иницијатива. Преку различни форми на вклучување во заедницата, вклучително и панел дискусии, герилски акции, брифинзи за печат, итн. 2I ќе придонесе за забрзување на процесот на спроведување и ќе ја зголеми јавната свест
Web page: https://macedonianstartupvillage.mk/

„Македонско село“ Владата ќе го реформира во „Стартно село“
Национална иницијатива за платформа за учење преку Интернет
Иницијативата има за цел да ги мобилизира студентите во врска со употребата на националната платформа за учење преку Интернет. Досега, се чини дека нема структурирани докази за предизвиците со кои се соочуваат средношколците, нивните семејства, наставници при користењето на националната платформа за онлајн учење. Иницијативата ќе ги идентификува клучните предизвици и тешкотии, како и можните начини за нивно решавање преку состаноци и консултации со студенти и Унија на средношколци. Наодите од дискусиите ќе бидат составени како препораки за подобрување и унапредување на Платформата. Овие предлози ќе бидат споделени со релевантните органи, наставниците и јавноста, воопшто.

Национална иницијатива за платформа за учење преку Интернет
Младинско претставување и општествeно дејствување во општина Центар
Оваа иницијатива ќе се осврне на апатијата и инертноста на младите кога станува збор за нивното политичко учество и активизам во Општина Центар. Нејзините активности се дизајнирани со цел подобрување на нивото на вклученост на младите во процесот на донесување одлуки на локално ниво, поширока застапеност и активна улога на младите во работењето на општината. Ова ќе биде сторено преку сеопфатно истражување како и квантитативна и квалитативна анализа во комбинација со работилницата, што ќе резултира со соодветен Документ за јавни политики чии препораки ќе бидат широко промовирани преку кампања и ќе бидат доставени до општинските власти и партијата на разгледување со цел нивно вметнување во партиската програма за локалните избори.

Младинско претставување и општествeно дејствување во општина Центар
„Скопје Бла Бла“
2И се обидува да ги процени и идентификува клучните локални проблеми со кои се соочуваат младите во Скопје и да ја подигне свеста за нив. Ќе се организираат интервјуа со млади кои имаат различно потекло, искуство, кариера, успеси и предизвици. Секое интервју ќе биде презентирано во форма на кратко видео кое ќе биде дистрибуирано до пошироката јавност и младите. Идентификуваните предизвици ќе бидат споделени со локалната администрација и другите засегнати страни, но ќе се искористат и за подготовка на програмата на партијата за локалните избори.

„Скопје Бла Бла“
Аеродром за младите
Иницијативата ќе подготви аналитичка студија под наслов „Општина Аеродром за младите“. Студијата има за цел да ги идентификува клучните проблеми на младите, нивните досегашни очекувања и разочарувања. Клучни активности се: а) експертско истражување спроведено врз релевантен број на испитаници во општината; б) анализа на податоци во соработка со Партискиот истражувачки и аналитички центар на ВМРО-ДПМНЕ; в) подготовка на промотивни материјали за презентација на резултатите добиени од истражувањето и нивна анализа; г) презентација на податоците на јавноста (настани и платформи на Интернет) и д) споделување на студијата со партијата која треба да се отслика во изборната програма за следните локални избори ..

Аеродром за младите
Вклученост на лицата со попреченост во политиките
Иницијативата има за цел да ја отвори темата за континуирана соработка на лицата со попреченост со политичките партии. 2И ќе помогне во воспоставувањето на веб-страница достапна за лица со попреченост која ќе содржи релевантни информации за: образование, пристап до точни податоци, комуникација, соработка со лицата со попреченост, итн. Веб-страницата ќе биде јавна и достапна за сите, но ќе биде и дел од изборната кампања на партијата за локалните избори 2021 година. Партијата ќе ја одржува страницата и по 2И, и на овој начин се надеваме дека ќе ги инспирираме другите политички партии да бидат поотворени кон лицата со попреченост.

Вклученост на лицата со попреченост во политиките
Гласам, значи постојам
Оваа иницијатива има за цел да ја подигне свеста кај младите за релевантноста и важноста на нивниот глас, да ги информира зошто е важно активно да се вклучат во процесите на локално ниво, како да донесат информирана одлука и како да ги оценат изборните програми за нивната локална заедница. Наодите од иницијативата ќе бидат споделени со политичката партија и ќе се користат во идентификувањето на најдобриот пристап за допирање до младите за време на кампањата за локалните избори.

Гласам, значи постојам
Инклузивен Аеродром за сите
Оваа иницијатива ќе придонесе кон создавање култура на инклузивност во Општина Аеродром, преку креирање и спроведување на заеднички предлози за инклузивни локални политики. Иницијативата ќе вклучува фокус групи со родители и персонални асистенти / наставници на лица со попреченост кои ќе ги идентификуваат локалните проблеми и можните решенија за бариерите за социјална инклузија, алатките и политиките што ќе ги спроведува локалната администрација, консолидирани на јавна дискусија. Собраните информации од сите засегнати страни ќе бидат инкорпорирани во Документ за јавни политики и симулативна брошура, којашто ќе им биде презентирана на сите засегнати страни. На овој начин, лицата со попреченост, нивните семејства, помошниот и едукативен персонал, општинските власти и пошироката јавност ќе имаат модел за инклузивен и одржлив дијалог и партијата ќе има модел за инклузивност што ќе се рефлектира во партиската програма во општа смисла, но и за претстојните локални избори.

Инклузивен Аеродром за сите
Како да се унапреди културниот живот во општина Сарај
Иницијативата се осврнува на недостатокот на можности за одржување на културни манифестации и ги истражува опциите и шансите за создавање на заеднички простор за културни настани во општина Сарај. 2И ќе обезбеди инклузивна платформа со цел релевантните засегнати страни да можат да разговараат и да придонесат во дефинирањето на посакуваните решенија и придобивки за заедницата во оваа област. Со поддршка на искусен олеснувач, клучните засегнати страни ќе работат заедно за да подготват Акциски план со кој ќе се постави клучната пресвртница во насока на формирање на Центар за култура. Откако ќе се финализира, Акцискиот план ќе биде претставен пред локалните власти, одлучувачите и пошироката јавност (на локалните ТВ станици, социјалните медиуми), со што ќе го подготви теренот за политичката понуда на претстојните локални избори во 2021 година

Како да се унапреди културниот живот во општина Сарај
ЛГБТИ Инклузивен град
Оваа иницијатива ќе ја испита дискриминацијата во делови од општеството насочена кон ЛГБТ заедницата. Оваа иницијатива ќе се фокусира на зајакнување на принципот на еднакви можности, како и еднаков локален пристап и системска поддршка за целната група. Процесот на имплементација на оваа иницијатива вклучува истражување, вклучително и фокус групи со ЛГБТ-членови за изнаоѓање на најдобро решение за тековните проблеми, како и анализи за веќе постоечката законска рамка за овие прашања и интервјуа со претставници на јавноста и општината. Наодите во форми на предлози и заклучоци ќе бидат споделени со јавноста и со партијата со цел формирање позиција за програмата за локални избори за Град Скопје.

ЛГБТИ Инклузивен град
Несоодветна патна инфраструктура на потегот каменолом Берович-Патишка Река во општина Сопиште
Оваа иницијатива се фокусира на тековното инфраструктурно прашање со кое секојдневно се соочува локалното население од општина Сопиште. Со цел да се реши ова прашање од витална важност за жителите на двете села од Сопиште, оваа иницијатива ќе реализира: техничко оценување, истражување и анализа, мапирање на финансиски инструменти и решенија што произлегуваат од дискусиите во фокус-групата со жителите на двете села и индивидуални интервјуа со претставници од засегнатата општина / владини агенции. Се очекува иницијативата да даде готово решение и заклучоци во Документот за јавни политики којшто ќе биде споделен со засегнатите страни, но и партијата со цел да се рефлектираат во изборната програма за локалните избори.

Несоодветна патна инфраструктура на потегот каменолом Берович-Патишка Река во општина Сопиште
Отворените изборни листи како предуслов за транспарентни избори во земјата.
Иницијативата има за цел да го испита јавното мислење (преку истражување) за тоа како луѓето ги разбираат отворените списоци и кои се последиците врз гласачите, доколку се применат отворени списоци. Наодите, во форма на брошура, ќе бидат презентирани и споделени со јавноста. Ќе се организира и дебата со засегнатите страни. Заклучоците од дебатата и наодите од истражувањето ќе и бидат презентирани во партијата со цел да се отсликаат во сеопфатната партиската програма како и во програмата за претстојните локални избори.

Отворените изборни листи како предуслов за транспарентни избори во земјата.
Подигање на свеста за форумот на жени
2И настојува да ја подигне свеста за родовата еднаквост, правата на жените и важноста на здравјето на жените (гинеколошки и психолошки аспекти, вклучително и насилство врз жените). Преку овие влезни точки, 2И има за цел да ја зголеми видливоста и важноста на форумот на жени во политичката партија. Преку работилници и дискусии, 2И ќе ги идентификува приоритетите и главните проблеми во оваа област. Тие ќе бидат вклучени во програмата на политичката партија за локалните избори.

Подигање на свеста за форумот на жени
Теренско истражување „Потребите на граѓаните во општина Ѓорче Петров“
2И има за цел да собере информации за потребите и задоволството на жителите на општина Ѓорче Петров од работата на постојната администрација на локалната самоуправа и идните приоритети. Ќе се направи сеопфатно истражување за да се истражат следниве прашања: а) секојдневни проблеми на граѓаните на микро ниво (населени места); б) функционирање/работење на општината/општинската администрација; в) приоритети на граѓаните за нивните населби; г) задоволство на граѓаните од работата на градоначалникот, општинската администрација и работата на советниците. Анализите ќе вклучуваат препораки за подобрување. Наодите ќе бидат искористени во програмата на политичката партија за локалните избори.

Теренско истражување „Потребите на граѓаните во општина Ѓорче Петров“
Урбан младински Чаир
Оваа иницијатива има за цел развој и подобрување на урбаната култура за младите во Општина Чаир, во Скопје. Поради недоволни елементи на урбана култура, скејт-паркот е посочен како едно од решенијата за општина Чаир. За целите на оваа иницијатива ќе се спроведе истражување, како и интервју со: млад скејтер за придобивките од постоењето на скејт-парк; претставник на Општина која веќе инвестирала во скејт-парк (на пр. Карпош, Центар), на задоволството на граѓаните, особено на младите поради постоењето на скејт- парк, како и проценка за потребната финансиска инвестиција и техничката спецификација. Наодите и препораките ќе бидат споделени со јавноста во форма на визуелизација и промоција и истите ќе бидат доставени до партијата за програмата за локалните избори.


Урбан младински Чаир
Чисто Скопје
Иницијативата има за цел да ја зголеми свеста на граѓаните за постојното загадување на животната средина во градот Скопје предизвикано од (прекумерната) употреба на пластика, сегашното управување со отпад и постојните воспоставени механизми. 2И предвидува изработка и спроведување на видео кампања за проблемот, неговиот обем и последици, како и предлог решение. Оваа 2И предлага зголемување на јавната свест за потребата и придобивките од зголемувањето на бројот на автомати за кауција од амбалажа (решение ветено од градот Скопје) и идно промовирање на воведувањето автомати за кауција од амбалажа во другите општини. Овие активности се очекува да придонесат кон подобрување на условите за живот на граѓаните во градот Скопје, но индиректно ќе одговорат и на поголемите еколошки проблеми како што се глобалното затоплување и климатските промени

Чисто Скопје
Младински ИТ центар
Оваа 2И ќе ја истражи можноста за формирање на Младински ИТ центар. Целта на центарот е да создаде поволен екосистем за економска независност на младите. Целта на Младинските ИТ центри ќе биде да ги промовираат ИТ студиите и да им помогнат на младите да градат ИТ вештини, истовремено помагајќи им во смислувањето и развивањето на иновативни идеи. 2И ќе спроведе истражување со млади луѓе за нивните ставови за тоа што е потребно да се обезбеди од Центарот. Исто така, иницијативата ќе го поддржи развојот на компаративна анализа за ИТ центрите што постојат во регионот, и врз основа на наодите ќе предложи модел за ИТ центар и неговото институционално поставување. Сите влезни информации ќе бидат консолидирани во Стратешкиот документ за формирање на ИТ центар, за кој ќе се дискутира со засегнатите страни и релевантните органи.

Младински ИТ центар
Одговорно општество, предизвик на новата ера
Иницијативата се осврнува на обврските на земјата кои произлегуваат од Меѓународната конвенција за заштита на животните и Европската конвенција за заштита на животните миленичиња (Стразбур ЕТС бр.125). Поконкретно, иницијативата подразбира спроведување детална анализа во врска со ставовите на жителите од општина Кисела Вода за создавање рекреативен парк за миленичиња / кучиња. Наодите од истражувањето и препорачаните предлози за формирање и управување со таков парк ќе бидат презентирани на конференција во која ќе учествуваат релевантните засегнати страни, вклучително и локалните власти и одлучувачите. Се очекува резултатите од оваа иницијатива да бидат вклучени во агендата на кампањата за локалните избори во 2021 година.

Одговорно општество, предизвик на новата ера
Перцепции и ставови на граѓаните за работата на општината
Иницијативата ќе направи проценка на задоволството на граѓаните од квалитетот на животот и работата на локалната самоуправа во општина Чаир. Преку неа ќе се спроведе сеопфатно истражување кое ќе ги вклучува не само перцепциите за досегашното работење, туку и идните очекувања. Наодите и препораките за подобрување на истражувањето ќе се користат за програмата за локални избори на политичките партии.

Перцепции и ставови на граѓаните за работата на општината
Создавање услови за безбеден и еколошки транспорт
Овaa 2И има за цел да го реши проблемот со големото загадување на воздухот во градот Скопје. Со иницијативата ќе се спроведе истражување насочено кон идентификување на клучните прашања поврзани со загадувањето на воздухот предизвикано од урбаниот транспорт и неговите ефекти врз здравјето на населението. Наодите од истражувањето и препораките за намалување на загадувањето на воздухот ќе бидат подготвени во документ што ќе биде презентиран (оттаму ќе се соберат дополнителни информации) пред претставници на граѓанското општество, деловните субјекти, локалните и регионалните владини тела, поединци итн. Откако препораките за намалувањето на загадувањето на воздухот ќе бидат финализирани, тие ќе бидат презентирани и дистрибуирани преку информативни материјали и видеа со цел да ги информираат и мобилизираат граѓаните за нивното спроведување.
