Иницијативи кои што се спроведуваат
Од младината зависи!
Целта на оваа иновативна иницијатива е да ги информира младите луѓе за владината мерка која вели дека органите на државната управа и општините се должни да назначат младински службеник од редот на вработените, а исто така да информира за обврските и улогата на младинските службеници и како да се искористи можноста која се укажува со назначувањето на претставник на младите во органите на државната управа. Како дел од иницијативата, ќе се користат различни алатки и методи со цел да се информира и мобилизира заедницата, како што се: кратко истражување, информативно видео, инфо-пикник и промотивни активности на летни фестивали, кампови, итн.

Од младината зависи!
УНЕСКО на дланка
Оваа иновативна иницијатива има за цел да ја мобилизира локалната заедница и да информира за важноста на процесот на додавање / отстранување на културните споменици во Охрид и Струга. Иницијативата вклучува дизајн на постери со препораките на УНЕСКО кои ќе бидат поставени на различни локации во двете општини; организација на јавна дискусија; како и таканаречениот Мал Монмартр во Охрид и Струга каде средношколци ќе цртаат креативни мотиви инспирирани од природните и културните убавини на крајезерските градови.

УНЕСКО на дланка
Од младите за младите во Охрид
Оваа иницијатива ќе го решава тековното прашање поврзано со недостаток на младинска стратегија како и недоволна вклученост на младите луѓе во креирање на јавни политики во Општина Охрид. Со цел да се специфицираат прашањата, проблемите и предизвиците со кои се соочуваат младите луѓе во Охрид, ќе се спроведе квантитативен метод на истражување во форма на телефонска анкета. По истражувањето, ќе бидат организирани полу-структурирани интервјуа со различни засегнати страни, младински и граѓански организации, претставници од општината и ќе се организира работилница за да им се обезбеди на младите простор за креирање на Предлог за стратегија за млади. Предлогот, придружуван со Документот за јавни политики, ќе биде споделен со јавноста и презентиран и доставен до партијата за да стане дел од програмата и кампањата за локалните избори.

Од младите за младите во Охрид
Охрид YOUTH HUB
Оваа иницијатива претставува одговор на постојниот проблем со недостаток на јавен простор за градење на интелектуални капацитети, центар за кариера и библиотека во Општина Охрид. Со оглед на тоа дека се работи за универзитетски и академски град и сето ова е предвидено во законската рамка на градот, Охрид ќе има корист од оваа иницијатива која се стреми кон социјална инклузија на младите луѓе. Квантитативните и квалитативните истражувачки методи ќе бидат имплементирани, како и видео интервјуа со за млади луѓе од 19 до 29 годишна возраст. Ќе се креираат заклучоци од Политиките како и 3-Д дизајн на предложениот центар како резултат на собраните и анализираните податоци од истражувањето. Наодите ќе бидат споделени со јавноста и со партијата и истите ќе бидат вклучени во програмата за претстојните локални избори.

Охрид YOUTH HUB
Охрид 2024 година
Оваа 2И ќе помогне во идентификување на приоритетите и проблемите со кои се соочуваат младите во Охрид. Наодите ќе бидат искористени за подготовка на младинската програма на партијата за локалните избори. Клучните активности вклучуваат:: дискусии и работилници во кои ќе бидат вклучени повеќе од 60 млади луѓе, истражување, подготовка на документ со наодите и можни предлози за подобрување на животот на младите, кои се планира да бидат вклучени во програмата за партиските локални избори во Охрид
