Иницијативи кои што се спроведуваат
Мој простор
Целта на оваа иновативна иницијатива е да се информира заедницата за обврската на општините да отворат младински центри во првите 5 години од спроведувањето на Законот за младинско учество и младински политики и да информира за можностите кои ги носат овие центри за младите.
Со оглед на тоа дека оваа мерка воглавно ги опфаќа младите луѓе, иницијативата ќе опфати кампања на социјалните медиуми (Тик Ток и Инстаграм) со млади луѓе на возраст од 14 до 18 години, додека истовремено ќе се организира и панел дискусија со општински претставници, родители и млади луѓе.
Сето ова ќе им овозможи на младите луѓе да споделат каков вид на програма сакаат да видат во младинските центри. Нивните идеи и визија ќе бидат снимени во кратко анимирано видео и истото ќе биде споделено со релеватните чинители, како и со јавноста преку социјални медиуми.

Мој простор
Отворени листи – мојот глас за мојот претставник во парламентот
Оваа иновативна иницијатива ќе ја подигне свеста и ќе предизвика дискусија меѓу граѓаните за отворените листи и ќе предложи измени во Изборниот законик во таа насока.
Иницијативата по пат на истражување ќе го испита знаењето на граѓаните во врска со отворените листи и ќе го осознае нивното мислење за воведување на отворени листи за следните локални избори. Ќе се организираат дополнителни дискусии со пратеници, претставници на подмладоците на политичките партии, граѓански организации, членови на работната група во рамките на Министерството за правда, Државната изборна комисија, коишто ќе бидат поканети да споделат повеќе информации за концептот на отворени листи. Сите активности во рамките на иницијативата, вклучително и консолидиран извештај од истражувањето и реализирани дискусии / состаноци, ќе бидат промовирани на социјалните медиуми.

Отворени листи – мојот глас за мојот претставник во парламентот
Реализирајте се. Не останувајте скромни!
Целта на оваа иновативна иницијатива е да ја информира локалната заедница за неопходноста од реконструкција на Центарот за управување со кризи во Град Куманово и за создавање центар за обука во самата внатрешност.
Почетната активност на оваа иновативна иницијатива ќе биде производство на видеа и фотографии од зградата за да се сними моменталната состојба на зградата. Со поддршка на општеството и разни организации, иницијативата, исто така, ќе организира панел дискусија и состаноци со граѓаните за презентирање и дискусија на темата.
Преку спроведувањето на уличната акција, на пр. изработка на знаци кои упатуваат кон правецот на зградата и нивно распоредување низ градот, иницијативата ќе им помогне на граѓаните да станат свесни за локацијата на Центарот за управување со кризи.

Реализирајте се. Не останувајте скромни!
Воспоставување на Национален регистар за лица со попреченост
Оваа иницијатива е насочена кон ветувањата на владата да воведе нова алатка во форма на Централен регистар што ќе им помогне на сите лица со попреченост (СПБ) да ги решат бариерите и да го подобрат пристапот и разумното сместување на лица со инвалидност до здравствените услуги и државните програми за вработување Создавањето ваков регистар ќе ја признае важноста на сеопфатно и централизирано собирање на податоци за лица со инвалидност, за да се информира значајно планирање и формулирање на политики. Регистарот ќе осигури дека ресурсите на Министерството за труд и социјална политика се распределени за програми насочени кон попречените лица на повеќе насочен и прилагоден начин. Иницијативата ќе ги мобилизира засегнатите заедници и другите целни групи да бараат информации од соодветните институции за постигнатиот напредок

Воспоставување на Национален регистар за лица со попреченост
”Кој што кочи?”- Спроведување на одредбите од законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство на локално ниво.
Оваа иницијатива има за цел подигање на свеста и успешна имплементација на постојниот закон за спречување и заштита од насилство врз жените во Општина Куманово. Оваа иницијатива ќе вклучува: истражување и анализа на тековните закони во врска со превенција на насилство врз жени, анализа на информации од јавен карактер од Центарот за социјална работа на локално ниво, компаративни методи за постојните успешни постулати од други земји во врска со насилството врз жените, како и фокус групи со претставници од граѓанското општество. Резултатот од иницијативата ќе биде промовиран преку маркетинг кампања, како и конференција за јавноста на која ќе бидат испрезентирани готовите решенија.

”Кој што кочи?”- Спроведување на одредбите од законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство на локално ниво.
Skateland – Скејтленд Куманово
Оваа иницијатива е создадена со цел решавање на ограничените можности за младите луѓе за рекреација и забава во Општина Куманово. Истата има за цел да ја подобри комуникацијата и волонтерството на младите и да ги обедини околу една заедничка цел – тимска работа за надградба на активностите, идентификување на локација и создавање нов простор за секојдневно рекреирање и забава. Иницијативата вклучува примена на квантитативни и квалитативни истражувачки методи, десктоп и компартивна анализа, како и интервјуа и фокус-групи, што ќе дадат резултат во форма на Документ за јавни политики, што ќе и биде доставен на општината како готово решение, заедно со 3-Д визуелизација. Иницијативата ќе побара поширока поддршка од јавноста преку волонтерска акција за чистење на избраната локација и промотивни активности и кампања во медиумите.

Skateland – Скејтленд Куманово
Вклученост на лицата со попреченост во политиките
Иницијативата има за цел да ја отвори темата за континуирана соработка на лицата со попреченост со политичките партии. 2И ќе помогне во воспоставувањето на веб-страница достапна за лица со попреченост која ќе содржи релевантни информации за: образование, пристап до точни податоци, комуникација, соработка со лицата со попреченост, итн. Веб-страницата ќе биде јавна и достапна за сите, но ќе биде и дел од изборната кампања на партијата за локалните избори 2021 година. Партијата ќе ја одржува страницата и по 2И, и на овој начин се надеваме дека ќе ги инспирираме другите политички партии да бидат поотворени кон лицата со попреченост.

Вклученост на лицата со попреченост во политиките
Несоодветна патна инфраструктура на потегот каменолом Берович-Патишка Река во општина Сопиште
Оваа иницијатива се фокусира на тековното инфраструктурно прашање со кое секојдневно се соочува локалното население од општина Сопиште. Со цел да се реши ова прашање од витална важност за жителите на двете села од Сопиште, оваа иницијатива ќе реализира: техничко оценување, истражување и анализа, мапирање на финансиски инструменти и решенија што произлегуваат од дискусиите во фокус-групата со жителите на двете села и индивидуални интервјуа со претставници од засегнатата општина / владини агенции. Се очекува иницијативата да даде готово решение и заклучоци во Документот за јавни политики којшто ќе биде споделен со засегнатите страни, но и партијата со цел да се рефлектираат во изборната програма за локалните избори.

Несоодветна патна инфраструктура на потегот каменолом Берович-Патишка Река во општина Сопиште
Чиста река за подобро здравје во Липково
Оваа иницијатива има за цел да укаже на потребата од одржување и зачувување на речното корито со цел да се реши проблемот со загадувањето на животната средина и здравствените опасности за граѓаните на Општина Липково. За целите на оваа иницијатива, ќе се имплементира методолошки пристап за собирање податоци преку анализа на состојбата со загадувањето, идентификување на критичните точки, соработка со експерти во наведените области и спроведување интервјуа и состаноци со локалната администрација. Идентификуваните предизвици и решенија ќе бидат споделени со локалната администрација и другите засегнати страни, но исто така ќе се користат за подготовка на програмата за локални избори на партијата. Предвидено е презентирање на резултатите од истражувањето и иницијативата пред засегнатите страни, како и поширока јавна поддршка за иницијативата преку кампања, видеа и волонтерска акција за чистење на речното корито во избраните точки.
