Иницијативи кои што се спроведуваат
„Дигиталниот пат кон подобра јавна администрација“
Оваа иницијатива има за цел да информира и да ја подигне свеста за потребата од дигитализација на јавната администрација со цел на зголемување на ефективноста.
Иницијативата ќе го испита јавното мислење за степенот на задоволството од работењето на јавната администрација и истовремено ќе употреби низа алатки за мобилизација на заедницата како што се: кампања на социјални медиуми, видео со административни работници од институциите кои го користат системот, споделување на нивното искуство со него и како истиот влијаел врз нивната работа, памфлети што ќе водат до страни на социјалните медиуми (преку QR-кодови). Активностите во рамките на иницијативата ќе бидат заокружени со панел дискусија за тоа како информатичката технологија може да помогне во процесот на подобрување на јавната администрација.

„Дигиталниот пат кон подобра јавна администрација“
Мој простор
Целта на оваа иновативна иницијатива е да се информира заедницата за обврската на општините да отворат младински центри во првите 5 години од спроведувањето на Законот за младинско учество и младински политики и да информира за можностите кои ги носат овие центри за младите.
Со оглед на тоа дека оваа мерка воглавно ги опфаќа младите луѓе, иницијативата ќе опфати кампања на социјалните медиуми (Тик Ток и Инстаграм) со млади луѓе на возраст од 14 до 18 години, додека истовремено ќе се организира и панел дискусија со општински претставници, родители и млади луѓе.
Сето ова ќе им овозможи на младите луѓе да споделат каков вид на програма сакаат да видат во младинските центри. Нивните идеи и визија ќе бидат снимени во кратко анимирано видео и истото ќе биде споделено со релеватните чинители, како и со јавноста преку социјални медиуми.

Мој простор
Зголемување на платата од 20-30%
Во фокусот на оваа иницијатива е мерката предложена во Владината програма за зголемување на просечната плата за 20-30% и минималната плата за 20-40%. Со оваа иницијатива ќе бидат организирани дискусии со граѓаните за ова ветување на владата да преземе зголемување на платите и да предизвика нивниот интерес да се вклучат во акцијата и да бараат одговори од релевантните институции за ветеното зголемување. Алос ќе се организираат дискусии со претставникот на деловната заедница со цел да се разбере нивната позиција во врска со зголемувањето, земајќи ја предвид тешката економска состојба заради пандемијата КОИД-19. Е се спроведат неколку герилски акции насочени кон информирање и потсетување на граѓаните за порастот во Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија

Зголемување на платата од 20-30%
МОЈ ДДВ
Предмет на оваа иницијатива е ефективноста на апликацијата „МОЈ ДДВ“ со која на граѓаните може да им бидат вратени 15% од платениот данок на додадена вредност. Иницијативата ќе истражи до кој степен граѓаните се информирани за оваа апликација, доколку ја користат и ќе дискутираат за нејзината ефикасност, позитивните и помалку позитивните аспекти на враќањето на данокот и можните начини за подобрување. Заедницата ќе биде ангажирана преку разни настани, состаноци со специфични групи, интерактивни работилници и презентации и други форми на информирање за заедницата

МОЈ ДДВ
Гласам, значи постојам
Оваа иницијатива има за цел да ја подигне свеста кај младите за релевантноста и важноста на нивниот глас, да ги информира зошто е важно активно да се вклучат во процесите на локално ниво, како да донесат информирана одлука и како да ги оценат изборните програми за нивната локална заедница. Наодите од иницијативата ќе бидат споделени со политичката партија и ќе се користат во идентификувањето на најдобриот пристап за допирање до младите за време на кампањата за локалните избори.
