Иницијативи кои што се спроведуваат
Младите дома
Оваа иницијатива ќе ја процени основната причина за миграција на младите од Општина Делчево и ќе создаде синергија помеѓу јавниот и бизнис секторот кон градење на одржливо долгорочно решение за обезбедување можности за кариера за младите во овој индустриски град. Во рамки на иницијавата ќе се спроведе истражување, а ќе се организираат и панел дискусии за да се утврдат специфичните прашања за проблемот со миграцијата и предложените решенија ќе бидат вклучени во Документ за јавни политики. Дополнително, ќе се организира саем за кариера за вмрежување. Наодите и препораките ќе бидат јавно промовирани и доставени до партијата за да се рефлектираат во партиската програма во општа смисла, како и за претстојните локални избори.

Младите дома
Младинско катче
Оваа 2И има за цел да одговори на недостаток на можности и организиран простор за младински ангажман во општина Делчево. Со неа ќе се разгледаат можностите за формирање на „Младинско катче“ од страна на општината. 2И ќе спроведе истражување со младите во Делчево за да ја идентификува потребата од такво место. Наодите и препораките ќе бидат споделени за време на конференцијата организирана за претставниците на партиската младина и различните засегнати страни. Информациите собрани во рамките на оваа 2И ќе бидат искористени во изработката на програмата за локалните избори на политичката партија во 2021 година
