Иницијативи кои што се спроведуваат
Субвенционирање на социјални придонеси
Целта на оваа иновативна иницијатива е да ја информира и мобилизира засегнатата заедница да ја искористат мерката за државна помош за работодавачите, кои ја зголемиле платата до 6.000 денари.
Иницијативата вклучува поставување на информативен штанд на плоштадот во Гостивар каде што ќе бидат дистрибуирани флаери со информации за мерката и рекламен материјал.
Со цел да се слушне мислењето и на вработените и на работодавачите, ќе се организира конференција, а резултатите од целата иницијатива ќе бидат промовирани преку кратко видео.

Субвенционирање на социјални придонеси
ЗА / ПРОТИВ отворена листа!
Иницијативата има за цел да ги истражи предностите и недостатоците на отворените списоци. Ќе се организираат дискусии со експерти и гласачи за да разговара за тоа кој е најдобриот модел што треба да се примени кога станува збор за отворените листи (од искуството на другите земји) и до кој степен граѓаните се подготвени да ги разберат и прифатат отворените листи. Наодите од дискусиите ќе бидат консолидирани и партијата ќе ги искористи за подготовка на стратегија за пристапување до гласачите и едукација за локалните избори.

ЗА / ПРОТИВ отворена листа!
Совет за млади-надеж за млади
Оваа иницијатива ќе ги испита ограничените можности и механизми за младинско учество во Општина Гостивар. Иницијативата ќе се осврне на можностите и механизмите за учество на младите преку креирање видео интервјуа, организација на семинар и дебата за млади, квантитативно и квалитативно истражување, вклучително и различни специфични целни групи во врска со учеството на младите во општината за да се утврди најдобриот можен исход за младите во Гостивар и истиот да се испрезентира пред партијата за нејзината програма за локалните избори.

Совет за млади-надеж за млади
Потребите на младите од Гостивар - Гласот на младите
Целта на 2И е да ги истражи потребите, предизвиците и потенцијалот на младите жители на општина Гостивар. Ова ќе се направи преку анкета со млади и фокус групи. Наодите ќе бидат презентирани и споделени со претставниците на политичките партии во Гостивар и ќе бидат вклучени во изборната програма на можниот кандидат за градоначалник за следните локални избори во 2021 година.
