Иницијативи кои што се спроведуваат
„Заедно за подобра иднина“
Оваа иновативна иницијатива се стреми да ги информира и мобилизира граѓаните во врска со владината мерка за формирање центар за семејно згрижување во земјата.
Во рамките на иницијативата ќе се спроведе кратко истражување со цел да се утврди колку погодената целна група (лицата со попреченост и нивните семејства) е запознаена со оваа мерка. Истражувањето ќе биде проследено со информативни состаноци со целната група, а исто така ќе биде организирано и интерактивно дружење со лицата со попреченост.
Со цел иницијативата да допре до што повеќе луѓе, особено до луѓето од целната група, ќе се снима кратко видео кое ќе се дистрибуира преку социјалните мрежи.

„Заедно за подобра иднина“
„Младина за Дигитална Европска Младинска Картичка“
Оваа иновативна иницијатива ќе ги претстави придобивките кои произлегуваат за младите од Европската младинска картичка (ЕМК). Во рамките на иницијативата ќе се изготват промотивен мурал со цел да се промовира Европската младинска картичка, како и промотивни брошури, памфлети. Младите луѓе заинтересирани за оваа тема, ќе имаат шанса да се соберат и да дискутираат за придобивките од ЕМК.

„Младина за Дигитална Европска Младинска Картичка“
Мој простор
Целта на оваа иновативна иницијатива е да се информира заедницата за обврската на општините да отворат младински центри во првите 5 години од спроведувањето на Законот за младинско учество и младински политики и да информира за можностите кои ги носат овие центри за младите.
Со оглед на тоа дека оваа мерка воглавно ги опфаќа младите луѓе, иницијативата ќе опфати кампања на социјалните медиуми (Тик Ток и Инстаграм) со млади луѓе на возраст од 14 до 18 години, додека истовремено ќе се организира и панел дискусија со општински претставници, родители и млади луѓе.
Сето ова ќе им овозможи на младите луѓе да споделат каков вид на програма сакаат да видат во младинските центри. Нивните идеи и визија ќе бидат снимени во кратко анимирано видео и истото ќе биде споделено со релеватните чинители, како и со јавноста преку социјални медиуми.

Мој простор
Младите за Велес (Youth4Veles)-Нацрт стратегија за младински центар
Оваа иницијатива вклучува подготовка на стратегија за формирање на Младински центар во Велес. Стратегијата ќе биде подготвена преку партиципативен процес кој ќе обезбеди вклучување на повеќето релевантни засегнати страни, како и маргинализираните и ранливите групи. Користејќи го пристапот „учење преку пракса“, локалните власти (одговорни за основање на Младински центар) ќе го посетат постојниот Младински центар во Куманово со цел да бидат вклучени во функционална пракса. Имајќи предвид дека Велес ја усвои Стратегијата за паметен град (прва досега во земјата), формирањето на Центар за млади директно ќе придонесе за имплементација на Стратегијата за паметен град и ќе ги стави потребите на младата популација во центарот на напорите за развој преземени од општина Велес.
