Иницијативи кои што се спроведуваат
Мој простор
Целта на оваа иновативна иницијатива е да се информира заедницата за обврската на општините да отворат младински центри во првите 5 години од спроведувањето на Законот за младинско учество и младински политики и да информира за можностите кои ги носат овие центри за младите.
Со оглед на тоа дека оваа мерка воглавно ги опфаќа младите луѓе, иницијативата ќе опфати кампања на социјалните медиуми (Тик Ток и Инстаграм) со млади луѓе на возраст од 14 до 18 години, додека истовремено ќе се организира и панел дискусија со општински претставници, родители и млади луѓе.
Сето ова ќе им овозможи на младите луѓе да споделат каков вид на програма сакаат да видат во младинските центри. Нивните идеи и визија ќе бидат снимени во кратко анимирано видео и истото ќе биде споделено со релеватните чинители, како и со јавноста преку социјални медиуми.

Мој простор
Родово еднакви, спортски здрави
Целта на оваа иновативна иницијатива е воведување на родова еднаквост во органите на управување (собрание, одбор на директори, надзорен одбор, итн.) на спортски федерации кои се корисници на средства од Буџетот на Република Северна Македонија. Иницијативата се однесува на ветувањето на Владата дека во 2020 година 30%, а до 2023 година 50% во управните тела на спортските федерации ќе бидат жени.
Во таа насока, преку оваа иницијатива, засегнатите страни ќе бидат мобилизирани и ќе бидат охрабрени да побараат од субјектите да воведат родова еднаквост во органите на управување.
Со реализацијата на оваа иницијатива, најголемата придобивка ќе ја имаат жените спортисти, а како една од најголемите сојузници би била Агенцијата за млади и спорт, надлежна за спроведување на оваа мерка.

Родово еднакви, спортски здрави
Истражување за превентивни мерки за КОВИД - 19 и презентација на резултатите пред јавноста
2I ќе го процени влијанието на владините напори во врска со мерките за превенција насочени кон запирање на понатамошното ширење на КОВИД-19. Поконкретно, предложените активности ќе го соберат јавното мислење и перцепциите за „начинот на кој граѓаните се справуваат со превентивните мерки преземени од Владата; како беше / се управува ситуацијата со КОВИД; дали мерките беа донесени на време и дали мерките беа доволни или рестриктивни “. Наодите и препораките од истражувањето ќе бидат споделени со пошироката јавност со користење на различни интерактивни форми. Се очекува дека ова 2” ќе ги инспирира “и ќе ги охрабри граѓаните да да бидат погласни за своите мислења, да преземат активности, да бараат транспарентност и отчетност од државните институции.

Истражување за превентивни мерки за КОВИД - 19 и презентација на резултатите пред јавноста
Битола smartAPPcity
Иницијативата е создадена со цел зголемување на транспаретноста на користењето на јавните средства во Општина Битола преку истражување на дигитализацијата за бројот на општинските услуги. За целите на оваа иницијатива ќе се спроведе истражување, а потоа и граѓански дијалог меѓу граѓаните и општинските власти за да се измери нивото на задоволство од услугите на локално ниво, степенот на дигитализација, факторите што влијаат на нивната (не)способност да користат дигитални услуги, нивното учество во планирањето на општинскиот буџет и информација за имплементацијата на буџетот во општината. Наодите и препораките за подобрување од сеопфатното истражување се очекува да бидат искористени за програмата за локалните избори на политичката партија.

Битола smartAPPcity
И руралните жени можат!
Иницијативата има за цел да ги идентификува предизвиците со кои се соочуваат жените во руралните области во однос на економскиот развој; потенцијалните мерки и активности за економско зајакнување на жените во руралните области и подигнувањето на свеста за правата на жените и можностите за учество во донесувањето одлуки. Во рамките на иницијативата ќе се одржат низа состаноци и дискусии со засегнатите групи на жени. Врз основа на наодите, 2И ќе помогне во изготвувањето на краток извештај за политиките за економско зајакнување на руралните жени. Резултатите од краткиот извештај ќе бидат искористени за изборната програма на партијата на локални избори и пошироко.

И руралните жени можат!
Чист Драгор за чиста Битола
Оваа иницијатива има за цел да ја подигне свеста за загадувањето на локалната река Драгор во општина Битола. Ќе се спроведе истражување со граѓаните со цел да се слушнат нивните ставови за тоа каков вид мерки треба да се предложат (во врска со постројки за третман на отпадни води, колектори, спроведување на законот, итн.) за подобрување на квалитетот на водата на реката Драгор. Резултатите ќе се користат за подготовка на изборната програма на партијата за претстојните локални избори
