Еко Лупа (фебруари)

Во текот на месец февруари, беа превземени активности за детална анализа на изборната програма Гарантирам,која беше предводена од сега избраниот Градоначалник Горан Стојанов. Посебен осврт се даде на делот каде се најавуваат проекти под насловот Неготино Зелен и чист град, при што е ветено изградба на нов модерен и современ градски парк кај СРЦ Младост кој ќе нуди зеленило, спортски и рекреативни содржини за граѓаните на општина Неготино, како и чистење на дивите депонии и превземање мерки за спречување на појава на нови. Со усогласување на изборното ветување и негова компарација со фактичката состојба на терен е утврдено дека во делот на првото мониторирано изборно ветување за изградба на нов модерен и современ градски парк кај СРЦ Младост, не се превземани никакви активности, додека кај мониторираното второ изборно ветување, што се однесува на чистење на дивите депонии се утврди дека делумно, но не во доволни рамки се превземаат активности, односно има исчекор, но притоа потребен е поголем ангажман. За следниот месец се предвидени средби со Градоначалникот, како и претставници на ЛС и ЈП кои се засегнати со мониторингот.