Национално истражување за политики насочени кон граѓаните


Големина на фонт

Од 31 јануари до 9 февруари, ИФЕС спроведе едно национално истражување, со кое ги процени мислењата и ставовите на граѓаните на Северна Македонија за четири различни социо-политички области.

Во истражувањето учествуваа 1.034 испитаници од 8 плански региони во земјата (6 изборни единици).

Концептот на истражувањето, заедно со деталниот прашалник, беа изработени со помош на кокреативен приод, во соработка со претставниците на четирите Истражувачко-аналитички центри на политичките партии (ИАЦ).

Целта на истражувањето беше на ИАЦ да им се обезбедат податоци за интересите на граѓаните, нивните ставови и мислења во однос на избраните теми, кои потем ќе се искористат за изработка на програмите на политичките партии, особено за предвремените парламентарни избори во 2020 година. Овие заложби беа чекор нанапред кон создавање на политики и програми засновани на граѓаните, и решенија насочени кон граѓаните за прашања коишто им се од најголема важност.

Во исто време, претставниците на ИАЦ се стекнаа со практични искуства и научија повеќе за процесот на истражување, осмислување на прашалници, теренска работа, и обработка на податоците.

Севкупното истражување беше од особена важност за четирите ИАЦ бидејќи беа директно вклучени во севкупниот процес. Истражувањето им обезбеди информации и податоци со кои ќе може да работат, а добија можност да ги анализираат и вкрстено да ги прикажат табеларно податоците зависно од целната публика, да ги споредат со другите, како квантитативни така и квалитативни истражувања и да создадат релевантни програми и кампањи насочени кон граѓаните.

Четирите ИАЦ можеа да им веруваат на податоците и да се сметаат за нивни автори, бидејќи самите беа вклучени во целиот процес – осмислување/изготвување на анкетата, пополнување на податоците и нивно прибирање, анализирање и обработка.

Истражувањето се фокусира на следниве четири области: вработување; животна средина; едукација и политичките партии, и претстојните парламентарни избори. Младината беше темата проткаена во сите четири области.

Во февруари, на сите четири ИАЦ и на раководството на нивните политички партии им беа претставени наодите од истражувањето.

КОГА

од: 22-01-2020

до: 22-01-2020

КАДЕ

Галерија

Останати настани

Панел дискусија посветена на политичкото рекламирање и интегритетот на изборите

Истражувачки и аналитички центри

03-04-2024

Работилница за акредитирани набљудувачи на изборите

Истражувачки и аналитички центри

30-03-2024

Панел дискусија: Зајакнување на соработката меѓу националните чинители за проценка на изборниот ризик во Северна Македонија

Истражувачки и аналитички центри

27-03-2024