Дали граѓаните на Неготино се ЗА покачување на платата? Да се разбудиме!


Големина на фонт

Нашиот мобилизатор на заедницата Ѓорѓи Ристов на 18ти февруари ќе биде во Неготино. Како дел од Иновативната иницијатива „Зголемување на платата? Ајде да се разбудиме“ Ѓорѓи ќе организира настан со цел да ги информира и мобилизира граѓаните да му се придружат во напорите во барање одговорност и имплементација од Владата за ветувањето во програмата – зголемување на просечната плата за 20-30% и зголемување на минималната плата за 20-40%.

Фокусот на иницијативата е мерката предложена во Програмата на Владата за зголемување на просечната и минималната плата. Со цел да ја мобилизира заедницата и заедно да бараат одговорност и одговор од Владата, Ѓорѓи ќе организира отворени дискусии со граѓаните и бизнис секторот, а исто така и ќе спроведе неколку герила акции во Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија.

Дискусијата е дел од Иновативната иницијатива „Зголемување на платата? Ајде да се разбудиме, имплементирана од Ѓорѓи, нашиот Мобилизатор на заедницата.

 

 

 

КОГА

од: 18-02-2021 16:00

до: 18-02-2021 18:00

КАДЕ

Неготино

Галерија

Останати настани

Панел дискусија посветена на политичкото рекламирање и интегритетот на изборите

Мобилизатори на заедницата

03-04-2024

Работилница за акредитирани набљудувачи на изборите

Мобилизатори на заедницата

30-03-2024

Панел дискусија: Зајакнување на соработката меѓу националните чинители за проценка на изборниот ризик во Северна Македонија

Мобилизатори на заедницата

27-03-2024