Кој што кочи? Креирање локални политики за заштита на жртвите на насилство врз жените во Куманово


Големина на фонт

Иновативната иницијатива на Теодора Димитровска Кој што кочи? ги истражува факторите кои ја кочат имплементацијата на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство и претставува повик до локалната заедница за подобрување на механизмите за заштита и реинтеграција на жртвите во општествената заедница.

На 29 јули во Куманово ќе се одржи настан со цел заедничка дискусија и креирање локални политики по оваа проблематика. Во продолжение е планираниот распоред на настани:

17:45 – Регистрација на присутните

18:00 – Воведно добедојде на сите присутни и запознавање со темата

18:10 – Обраќање на експертка – Татјана Стоименовска

18:20 – Обраќање на градоначалник на општина Куманово – Максим Димириевски

18:30 – Обраќање на претседателка на Совет на општина Куманово – Атина Мургашанска

18:40 – Обраќање на Виолета Богдановска – претставник од СВР Куманово задолжена за сузбивање на криминал од ваков тип

18:50 – Обраќање на служебник за млади во општина Куманово, Мартин Крстиќ и запознавање со можностите кои младите ги имаат во општината во дел на иницирање на локални политики

18: 55 – Кратко излагање на Димитар Ванчов – претседател на ЛИДЕМ

19:00 – Презентација на Теодора Димитровска – финалната иницијатива и предлог-решенија за креирање на локален механизам за реинтеграција на жртви од семејно насилство.

КОГА

од: 29-07-2021 18:00

до: 29-07-2021 20:00

КАДЕ

Trajko Prokopiev Theatre Square, Kumanovo / Плоштад кај НУЦК Трајко Прокопиев, Куманово

Останати настани

Панел дискусија посветена на политичкото рекламирање и интегритетот на изборите

Млади од политички партии

03-04-2024

Работилница за акредитирани набљудувачи на изборите

Млади од политички партии

30-03-2024

Панел дискусија: Зајакнување на соработката меѓу националните чинители за проценка на изборниот ризик во Северна Македонија

Млади од политички партии

27-03-2024