Дали граѓаните на Демир Капија се За покачување на платата? Да се разбудиме!


Големина на фонт

Нашиот мобилизатор на заедницата Ѓорѓи Ристов продолжува со Караванот дискусии и активности низ различни градови со цел мобилизација на граѓаните да му се придружат во напорите во барање одговорност и имплементација од Владата за ветувањето во програмата – зголемување на просечната плата за 20-30% и зголемување на минималната плата за 20-40%.

На 24ти февруари Ѓорѓи ќе биде помеѓу граѓаните на Демир Капија. Придружете му се на Ѓорѓи, слушнете што има да каже и заедно со него барајте одговорност и исполнување на мерката.

Фокусот на иницијативата е мерката предложена во Програмата на Владата за зголемување на просечната и минималната плата. Со цел да ја мобилизира заедницата и заедно да бараат одговорност и одговор од Владата, Ѓорѓи ќе организира отворени дискусии со граѓаните и бизнис секторот, а исто така и ќе спроведе неколку герила акции во Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија.

Дискусијата е дел од Иновативната иницијатива „Зголемување на платата? Ајде да се разбудиме“, имплементирана од Ѓорѓи, нашиот Мобилизатор на заедницата.

КОГА

од: 24-02-2021 12:00

до: 24-02-2021 15:00

КАДЕ

Demir Kapija

Галерија

Останати настани

Панел дискусија посветена на политичкото рекламирање и интегритетот на изборите

Мобилизатори на заедницата

03-04-2024

Работилница за акредитирани набљудувачи на изборите

Мобилизатори на заедницата

30-03-2024

Панел дискусија: Зајакнување на соработката меѓу националните чинители за проценка на изборниот ризик во Северна Македонија

Мобилизатори на заедницата

27-03-2024