Спортско рекреативен центар Го сакам Бутел (април)

Општина Бутел е една од најнеразвиените општини кои го сочинуваат Градот Скопје. Во изминатиот период многу малку се вложуваше во изградба на игралишта, зелени површини, патеки за велосипеди, паркови и слично. Во изборната програма на Градоначалникот на Општина Бутел беа предвидени изградба на повеќе игралишта, патеки и зелени површини.

Едно од тие ветувања е и изградбата на спортско рекреативен центар Го сакам Бутел кој би требало да се изгради во Бутел 1, на ул. Хо Ши Мин.

Се одлучивме да го мониторираме ова ветување бидејќи во овој период на загадување на Скопје мислиме дека се многу потребни зелените површини.