Спортско рекреативен центар Го сакам Бутел

Со оваа иницијатива ќе се мониторира изборното ветување на градоначалникот за изградба на спортско рекреативен центар “Го сакам Бутел” кој би требало да се изгради во Бутел 1, на ул. Хо Ши Мин. Општина Бутел е една од најнеразвиените општини кои го сочинуваат Градот Скопје. Во изминатиот период многу малку се вложуваше во изградба на игралишта, зелени површини, патеки за велосипеди, паркови и слично. Во изборната програма на Градоначалникот на Општина Бутел беа предвидени изградба на повеќе игралишта, патеки и зелени површини. Во време кога градот Скопје многу често е на листите на најзагадени градови во светот, еден од начините за спречување на тоа загадување е зголемување на зелените површини во градот. Добиените резултати од мониторингот ќе се дисеминираат до јавноста преку: Настапи на медиуми, креирање банери за facebook и instagram, изработка на виедо и дистрибуција на информативни флаери.