Помош и нега во домот за стари лица и лица со посебни потреби

Со оваа иницијатива ќе се мониторира изборното ветување ,,Помош и нега во домот на стари лица и лица со посебни потреби ,,кој е дел од општинската програма за 2023 год. Овој проект е започнат со реализација на почетокот на 2022 година и според програмата за последните локални избори се планира втора фаза на негова реализација и во 2023 година. Проектот е од особена важност за локалното население бидејќи станува збор за маргинализирана група како специфична категорија на граѓани од малцински заедници ,стари ,изнемоштени лица. Лицата се сами и беспомошни и со неопходна потреба од нега од друго лице бидејќи најголем дел од младите се исселени во западноевропските држави. Исполнувањето на ова ветување ќе им го олесни секојдневието и ќе им овозможи подостоинствен живот. Добиените резултати од мониторингот ќе се дисеминираат до јавноста преку: дисеминација на информативни материјали, јавна дебата, кампања на социјални медиуми.