Информирајте се - делувајте за промена!

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг за степенот на исполнување на изборното ветување поврзано со „недостатокот на градинки и сместувачки капацитети за деца“. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: серија радио емисии со учество на претставници на целните групи; изработка на видео подкаст и аудио анкета; потпишување на онлајн петиција поврзана со иницијативата за изградба на градинката во населбата Точила во Прилеп и слично.

Темата на локалниот мониторинг е доградбата на детската градинка во населба Точила во Прилеп.