Skateland – Скејтленд Куманово

Оваа иницијатива е создадена со цел решавање на ограничените можности за младите луѓе за рекреација и забава во Општина Куманово. Истата има за цел да ја подобри комуникацијата и волонтерството на младите и да ги обедини околу една заедничка цел – тимска работа за надградба на активностите, идентификување на локација и создавање нов простор за секојдневно рекреирање и забава. Иницијативата вклучува примена на квантитативни и квалитативни истражувачки методи, десктоп и компартивна анализа, како и интервјуа и фокус-групи, што ќе дадат резултат во форма на Документ за јавни политики, што ќе и биде доставен на општината како готово решение, заедно со 3-Д визуелизација. Иницијативата ќе побара поширока поддршка од јавноста преку волонтерска акција за чистење на избраната локација и промотивни активности и кампања во медиумите.