Субвенционирање на социјални придонеси

Целта на оваа иновативна иницијатива е да ја информира и мобилизира засегнатата заедница да ја искористат мерката за државна помош за работодавачите, кои ја зголемиле платата до 6.000 денари.
Иницијативата вклучува поставување на информативен штанд на плоштадот во Гостивар каде што ќе бидат дистрибуирани флаери со информации за мерката и рекламен материјал.
Со цел да се слушне мислењето и на вработените и на работодавачите, ќе се организира конференција, а резултатите од целата иницијатива ќе бидат промовирани преку кратко видео.