Решенија за млади

Оваа иницијатива има за цел да ги реши тековните проблеми, предизвици и прашања со кои се соочуваат младите во општина Струмица. Во процесот на имплементација ќе се испитаат проблеми од различни социјални сфери, додека акцентот ќе биде ставен на изнаоѓање одржливи решенија. Од таа причина, ќе се спроведе истражување (теренско и онлајн истражување) специјално дизајнирано за целна група на млади од 16 до 29 години воздраст со цел да се добијат оптимални и најуспешни резултати, кои потоа ќе бидат анализирани и испрезентирани во форма на студија. Видливоста ќе се постигне со видео промоција и кампања на социјалните медиуми и се очекува наодите да бидат имплементирани во програмата на политичката партија за локалните избори.