Поголемо учество на руралните девојки и жени во донесувањето политики во Општина Кочани

Оваа иницијатива има за цел подигање на општата свест за недоволното учество и застапеност на младите рурални жени во донесувањето одлуки во Општина Кочани од една страна, и подигнување на свеста кај младите рурални жени за зголемен активизам и политичко учество, од друга страна. За целите на оваа иницијатива, ќе се спроведе квалитативно и квантитативно истражување при што фокусот ќе биде ставен на промовирање активизам и предлози за зголемување на вклученоста на оваа ранлива целна група во донесувањето одлуки во општината. Наодите и препораките за подобрување од истражувањето, во форма на инфографик и Документ за јавни политики, ќе се користат за програмата за локални избори на политичката партија.