Од младината зависи!

Целта на оваа иновативна иницијатива е да ги информира младите луѓе за владината мерка која вели дека органите на државната управа и општините се должни да назначат младински службеник од редот на вработените, а исто така да информира за обврските и улогата на младинските службеници и како да се искористи можноста која се укажува со назначувањето на претставник на младите во органите на државната управа. Како дел од иницијативата, ќе се користат различни алатки и методи со цел да се информира и мобилизира заедницата, како што се: кратко истражување, информативно видео, инфо-пикник и промотивни активности на летни фестивали, кампови, итн.