Надвор од границите

Овој 2I има за цел да ја мобилизира заедницата за предизвиците, недостатоците и тешкотиите со кои се соочува младинското население во Северна Македонија и Грција, поради недостаток на прекугранична соработка. Една од заложбите од Договорот од Преспа беше продлабочување на меѓусебната соработка и на дипломатско ниво и меѓу граѓанската прекугранична соработка. Владината програма се осврнува на оваа заложба со планирање на повторно отворање на граничниот премин „Маркова Нога-Лемос“ и отворање на регионални центри за соработка и дијалог. Преку различни активности за мобилизација на заедницата, 2I ќе се вклучи со млади луѓе кои живеат во пограничниот регион и општини како Струмица, Валандово и Гевгелија за да разговараат за заедничките интереси и предизвици со кои се соочуваат младите и да ги идентификува можните начини за прекугранична соработка.