Куќа на спортот и културата

2И го третира недостатокот на јавен простор (интеракција, спорт и рекреативен центар) за постари и млади лица во Тетово. Преку состаноци со засегнатите групи и клучните засегнати страни, 2И ќе разговара за проблемот и ќе ги идентификува потенцијалните решенија и можности за воспоставување на такви форми за интеракција. Документот со препораките и предлозите ќе биде споделен со претставниците на политичките партии и може да се користи во претстојната програма за изборната кампања во Општина Тетово.