Кучиња скитници: од површни до одржливи решенија

Оваа иницијатива ќе се осврне на тековните проблеми заеднички со многу други општини во Северна Македонија, а тоа е проблемот со кучињата бездомници. За целите на оваа иницијатива ќе бидат вклучени квантитативни и квалитативни истражувачки методи во форми на интервјуа, компаративни методи со други земји, во врска со решенија за исти или слични тековни прашања. Тековните онлајн анкети и фокус групи ќе бидат иплементирани како дел од процесот на имплементација на иницијативата, како и јавни дискусии со цел идентификување на одржливи решенија. Наодите и заклучоците од иницијативата ќе бидат достапни за јавноста и ќе се очекува да бидат дел од изборна кампања за локалните избори на партијата.