Цел и опсег на мониторингот на локално ниво 2022

Цел и опсег на мониторингот на локално ниво

 

Мониторингот на изборните ветувања на политичките партии и мобилизирањето на заедницата за барање отчет и исполнување на ветеното, е дел од проектот Поддршка на изборните реформи. Овие активности се спроведуваат во соработка со Стратешки менаџмент системи (СМС) и имаат за цел да го зголемат ангажманот на заедницата за прашања релевантни за нив.

Мониторингот го спроведуваат 35 граѓански организации (ГО) во земјата и околу 60 мобилизатори на заедницата-членови/ки на гореспомнатите ГО.

Делот од програмата за спроведување мониторинг опфаќа период од 6 месеци, односно од 1 ноември 2022 до април 2023, за првата група од 25 организации, додека за дополнителната група од 10 организации периодот на мониторинг започна од 1 февруари и ќе трае до 15 јуни 2023г.

Собраните податоци од спроведениот мониторинг се претставени во Матрица за мониторинг што се пополнува секој месец за конкретно одбрани приоритети за кои мобилизаторите во заедницата спроведуваат мониторинг во разни општини.

 

 

Одрекување на одговорност

 

Податоците содржани во Матрицата за мониторинг се однесуваат непосредно на конкретна тема/ветување што е предмет на мониторинг од страна на мобилизаторите во заедницата. Дадените податоци не ја отсликуваат транспарентноста на одредена општина, ниту во главни црти ниту за други теми што не се опфатени со процесот на мониторинг. Истото се однесува на методите што се користат во одредена општина за да се обезбеди учество на граѓаните.