Тренинг за снимање и видео продукција

Мобилизатори на заедницата, Работилници и обуки

Тренинг за снимање и видео продукција се одржа од 11-13 јуни 2021 година.

За време на овие денови, втората генерација на Мобилизатори во заедницата се здоби со знаење за тоа како да снимаат видео, кои постапки и техники треба да се земат предвид и како може да се уредува видеото.

Сето ова теоретско објаснување тие требаше да го пренесат на практичениот дел. Секој од мобилизаторите имаше должност да снима кратко видео засновано на слободна тема во Старата Чаршија во Скопје.

Заедно со менторите тие уредуваа и научија како треба да изгледа едно добро видео.

Ова беше една задача со употреба на техниката научи со работа.
Нивната љубопитност да го прошират своето знаење беше уште поголема по практичниот дел.

Сега тие се обучени и подготвени да ги снимаат своите најдобри видеа.

Галерија